= Преглед на продуктот = == Можности на продуктот == Продуктот Online книжарница е целосно независен и автономен продукт. Побарувачката е голема за она што го нуди продуктот што значи ќе има посебно место на пазарот за него. Системот има можност и за раст во други слични домени. == Претпоставки и зависности == Следните претпоставки и зависности се однесуваат на способностите на системот. - Нема да има потреба од никакво инсталирање на сертификати за да може да се пристигне до сервисот бидејќи ќе биде online. - Сајтот ќе може да биде пристапен од било кој корисник преку било кој уред кој има пристап до интернет. - Претпоставуваме дека на почетокот луѓето нема да веруваат во валидноста на сервисот и дека ќе треба одредено време од неколку месеци за сервисот да се здобие со таа доверба. - Сервисот може да биде пуштен во употреба пред почетокот на некои поголеми празници како побарувачката тогаш би била најголема. - Сервисот ќе биде зависен од сервисите за електронско наплаќање бидејќи на тој начин би се одвивала услугата. - Потребни се средства за креирање на системот. - Потребни се средствата за поставување и одржување на сервер.