wiki:Vizija1

Version 8 (modified by 13814, 8 years ago) ( diff )

--

Визија

1.Вовед


Цел на овој документ е да се изврши анализа и дефинирање на потребите кои треба да ги исполнува овој систем и целите кои треба да ги оствари, како и карактеристиките кои треба да ги поседува за да се овозможи истото. Потребите се однесуваат на проблемите при процесот на нарачка и набавка на намирници за ланец на сендвичари.

1.1 Цел

Целта на документот е прецизирање на потребите кои треба да ги реши овој систем и можностите кои се нудат со овој систем.

1.2 Опсег

Системот овозможува онлајн нарачки на производите на ланец на сендвичари и по потреба праќање нотификации за потребни намирници до менаџерот за нарачки.

1.3 Дефиниции, Акроними и Кратенки

Корисници-купувачи
Купувачите имаат можност да нарачуваат онлајн прозводи од менито на сендвичарата.

Корисници-вработени
Корисниците-вработени во сендвичара преземаат нарачки кои се нарачани онлајн од купувачите. Исто така, имаат можност да праќаат нотификации за намирниици според потребите.

Менаџер на набавки
Изработува статистики за тоа кои производи најмногу се трошат и ги следи истите. Со ова се овозможува да се предвиди потрошувачката и доколку се при крај залихите од одредена намирница да се пушти нова нарачка.

Систем адмимнистратор
Систем администратор се грижи системот правилно да функционира, и редовно го ажурира менито со производи.

Развивач на системот
Развивачот го создава системот, а тоа подразбира дека се вклучени програмери, дизајнери, тестери.

1.4 Референци

/

1.5 Преглед

Во понатамошниот дел од документот, се прецизираат целите на системот, кои се придобивките од неговото користење, опис на околината врз која се гради овој систем, неговите корисници, се разгледуваат алтернативни решенија, цената за изградба на овој систем итн.

2. Позиционирање

2.1 Бизнис можности

Со овој систем се овозможува брза нарачка во секое време и од секаде. Со тоа се зголемува бројот на корисници. Исто така се скратува времето за нарачка со што се зголемува квалитетот на услугата.Се добива поголема прегледност на нарачките и намирниците кои се достапни и кои треба да се нарачаат.

2.2 Опис на проблемот

Проблем на Недостаток на евиденција на нарачки
Засегнати страни Корисниците- купувачи, вработени
Доведува до Незадоволство и губење на купувачи
Успешно решение би било Подобра организираност во процесот на нарачки


Проблем на Недостаток на намирници
Засегнати страни Купувачи, вработени
Доведува до Незадоволство и губење на корисници, неможност за изготвување на производот
Успешно решение би било редовно известување за потребни намирници и навремена нарачка


2.3 Позиционирање на продуктот

За Вработените
Кои побаруваат целосна евиденција на нарачки и преостанати залихи на намирници
С-мот за сендвичари е с-м за следење нарачани производи и залихи на намирници
Кој овозможува следење на нарачани производи и намирници за истите
За разлика од од претходно кога нарачките се извршуваат по телефонски пат
Нашиот продукт Овозможува следење на нарачани производи како и следење намирници и на набавка според потребите


За Корисниците
Кои имаат потреба од лесно и брзо порачување на производ
С-мот за сендвичари е с-м за правење нарачки и следење на нарачката
Кој Овозможува полесно и побрзо нарачување
За разлика од претходно кога тој процес се одвивал по телефонски пат
Нашиот продукт овозможува лесно и брзо нарачување и следење на времето до испорака

3. Корисници и стекхолдери

3.1 Демографија на пазарот

Системот е наменет за синџир на сендвичари кои што имаат долгогодишно искуство во својата област и секојдневно опслужуваат голем број на купувачи. Најчесто купувачите се млади луѓе кои поради динамичното темпо на живеење често конзумираат брза храна. Нашата цел ќе биде исполнета со тоа што младите луѓе се оние кои користат интернет.

3.2 Стекхолдери

Име Претставува Улога
Вработени Вработени во сендвичарата или во ресторанот Ги следат порачаните производи од страна на корисниците
Менаџери Вработен кој што е одговорен за ланец на набавка на намирници Го следат ланецот на нарачки и набавки на потребни намирници, проверува нотификации за потребни намирници
Купувачи Консументи на брза храна Вршат нарачки од менито преку интернет
Систем администратор Одговорен за надгледување и одржување на системот Ги регулира процесите кои се одвиваат во системот од технички аспект и го ажурира менито
Развивачи на системот Дизајнери, програмери и тестери Одговорни за успешно завршување на системот во предвиден рок


3.3 Корисници

Име Опис Стекхолдер
Прилагодени на технологија Лица од различна возраст кои знаат да користат интернет Купувачи
Премногу зафатени личности Лица кои поради недостаток на време често конзумираат брза храна Купувачи
Стандардни корисници Лица кои често конзумираат производи од овие сендвичари. Сега тоа може да го направат и по електронски пат. Купувачи
Вработени во сендвичарите Лица кои ги следат нарачаните производи од страна на корисниците Вработени
Менаџери на сендвичарите Лица кои се грижат да има свежи намирници во секое време Вработени-менаџери
Администратор Го одржува с-мот од технички аспект, ја ажурира базата со нови производи Вработен- администратор

3.4 Корисничка околина

3.5 Профил на стекхолдери

3.5.1 Корисници

tabela x 3

3.5.2 Технички развивачи на системот

tabela x 2

do tuka

3.6 Профили на корисници

3.6.1 Купувачи

Вработени

Претставник Митра Опис Вработена во сендвичарата 3 години. Има 25 години и вешта во својата работа, досега навикната на традиционален начин на нарачка на производи по телефон/ во самата сендвичара. Тип Има основни познавања од компјутери Одговорности Ја отвора листата на нарачки, гледа која е следната нарачка за подготовка, ја подготвува нарачката, ја испорачува истата. Критериуми за успех Вработениот има поголема прегледност во нарачките кои стигаат. (Може точно да види какви производи се нарачани и да одреди колку време ќе е потребно да се изготват. Исто, од каде се нарачани, за да знае по кој доставач да ја прати нарачката.) Се намалува опасноста да се занемари некоја нарачка со што се намалува и незадоволството кај вработениот. Инволвираност Вработениот ги следи нарачките, ги изготвува и ги испорачува. Доколку снема некоја намирница или се при крај нејзините залихи, тој е должен да прати информација до менаџерот за нова испорака на намирници. Deliverables Добрата кои произлегуваат од улогата на овој корисник се до купувачите- поквалитетна услуга. И до менаџерите- навремена информација за залихите на намирници. Коментари / Прашања Не сите вработени имаат дури и основни познавања од компјутери. Некои (особено повозрасните) се приврзани со традиционалниот начин на работа и ќе им биде потешко да се навикнат на користење на системот, дури и по спровеена обука ќе им треба повеќе време.

Менаџери

Претставник Мартин Опис Мартин е менаџер одговорен за следење и испорака на намирници за производите. Тој прима информации од вработените доколку снема некоја намирница, и врши испорака. Исто така, изготвува и статистики за тоа која намирница кога најмногу се троши за да има во предвид кога е најпотребно да се врши нова нарачка. Тип Има високи познавања и искуство за ракување со компјутери. Нему му е потребна софистицирана алатка која ќе вади прегледни извештаи. Одговорности Проверува дали има недостаток на залихи, нарачува намирници. Критериуми за успех Секогаш има залихи од бараните намирници, извадени се прегледни извештаи за тоа колку намирници се потрошени. Инволвираност Следи кога ќе стигнат информации од вработените за недостаток на намирници/ проверува залихи, врши нивна нарачка. Deliverables До вработените- навремено стигнуваат залихи за да се изготви нарачаниот производ. Со ова индиректно и до корисниците- купувачи. До погорните менаџери- може секој момент да достави извештаи колку намирници се потрошени. Коментари / Прашања /

3.7 Key Stakeholder / User Needs

3.8 Алтернативи и конкуренција

/

4. Преглед на продуктот

4.1 Перспектива на продуктот

Овој систем не е зависен од други системи, но е изграден од два подсистеми. Едниот има функционалност за нарачување на производи од сендвичарата од страна на купувачите, а вработените ги следат нарачките, а другиот е за известување за потребни намирници, каде што вработените се тие што известуваат, а менаџерот ги следи известувањата и прави нарачки. Исто така, менаџерот следи статистики за тоа кои производи се трошат најмногу.

4.2 Summary of Capabilities

Customer Support System Customer Benefit Supporting Features Брза и лесна нарачка на некој производ од менито. User friendly интерфејсот, едноставни чекори при правење нарачка Задоволство на купувачите поради можноста за пристап 24/7 до информации и нарачување Прегледното и често ажурирано мени дозволува лесно и брзо да се нарачуваат производите. Следење на порачаниот производ онлајн Системот поддржува мерење на времето на достава преку вграден тајмер Поголемо задоволство кај вработените поради подобар преглед на нарачаните производи и достапноста на свежи намирници. Системот овозможува подобар предлед во нарачаните прозводи и нивниот редослед Поефикасно функционирање на компанијата Користењето на системот овозможува поефикасно работење и функционирање, позадоволни вработени и купувачи, со тоа и зголемен профит на сендвичарата. Достапен на интернет, 24 часа дневно. /

4.3 Претпоставки и зависности Доградба на нови подсистеми според потребите на клиентот би довело до промена на овој документ.

4.4 Cost and Pricing Цената за изработка на системот е проектирана на 7,000 евра.

4.5 Licensing and Installation Потребна е copy right лиценца за софтверот и исто така, потребна е инсталација на серверот за купувачите како и на десктоп апликацијата за самите вработени.

5. Карактеристики на продуктот 5.1 Ажурирање на мени Оваа функционалност им овозможува додавање и бришење на производи со цел јасен преглед во моментално достапните производи кои ги нуди сендвичарата.

5.2 Нарачување на производ Оваа функционалност овозможува навигација низ производите од менито, бирање на производ, внесување на информации за количина, локација, потреба на достава, итн.

5.3 Внесување нов вработен Внесувањето на вработен е една од основните функционалности кои овој систем мора да ги поседува. Менаџерот ги внесува податоците за новиот вработен со тоа што му отвара нова корисничка сметка.

5.4 Нотификации за потребни намирници Функционалност која овозможува на вработените да известат менаџерот доколку е потребно да се нарачаат нови намирници. Вработениот внесува количина за потребните намирници.

5.5 Логирање на вработенте во системот Основна функционалност која мора да ја нуди системот. Овозможува логирање на вработените со сопствени кориснички сметки.

6. Ограничувања Вработените немаат пристап до менаџерските кориснички профили, како и немаат пристап до туѓ профил на друг вработен.

7. Quality Ranges Системот треба да биде на македонски јазик, кој ќе биде основен, но ќе подржува и други јазици според потребите на сендвичарата. Исто така, системот треба да биде достапен online во било кое време. Системот треба да биде лесен за користење од страна на корисниците и отпорен на било какви грешки.

8. Преседанти и приоритети

Најприоритетна карактеристика на системот е функционалноста за брза и лесна нарачка, како и следење и навремена испорака на истата.

9. Други побарувања за продуктот

9.1 Applicable Standards

Треба системот да работи само на Windows платформа. Купувачите го користат серверот кој е инсталиран на Windows платформа, додека вработените работат на десктоп апликација која е инсталирана на Windows платформа исто така. Системот треба да ги исполнува стандардите за квалитет од ISO 9000.

9.2 Системски побарувања

Системот не треба да има ограничувања при истовремено нарачување на продукти. Потребна е интернет конекција и за купувачите и за вработените.

9.3 Побарувања за перформанси

Од страна на купувачите потребна е минимална конфигурација на компјутер кој има пристап до интернет. Од страна на вработените потребно е да биде овозможено следење на нарачките во real-time.

9.4 Побарувања за околина За купувачите ќе постои кратко објаснување на постапката за нарачување, додека за вработените ќе постои прирачник за работа со системот.

10. Потребна документација

10.1 Прирачник за корисници Сите вработени се најавуваат во системот, со што им се отвара соодветен кориснички профил, со различен пристап за менаџер односно за вработен, со оглед на неговата позиција.

10.2 On-line Help Се предвидува системот да има и онлајн помош. Тоа би значело дека ќе има страна на која ќе се наведени упатствата за користење на системот за купувачите, ќе има и дел за FAQ (најчесто поставувани прашања), а исто така и дел за пријавување на проблеми кои се посложени и треба да се интервенира од страна на администраторите.

10.3 Инсталациски водичи, конфигурација, Read Me фајл Системот ќе биде инсталиран и конфигуриран од страна на технички лица. Потребена е само Read Me датотека, која ќе ги опише главните функционалности на системот.

11. Appendix 1 - Feature Attributes

11.1 Статус

Proposed Системот треба да овозможи нарачување преку мобилна апликација. Approved Системот треба да има онлајн нарачување. Системот нуди преглед во нарачаните производи. Системот нуди можност за нарачување на намирници кои недостасуваат. Системот овозможува 24 часовен пристап. Incorporated /

11.2 Бенефити

Critical Системот треба да биде достапен онлајн во било кое време. Системот треба да овозможи приватност на податоците на корисниците. Системот треба да биде заштитен надворешни лажни нарачки. Important Системот треба да овозможи онлајн нарачување. Системот треба да биде лесен за користење и за оние кои лесно се прилагодуваат на технологиите и за оние кои не се прилагодуваат лесно. Useful Системот треба да овозможи достапност преку мобилна апликација.

11.3 Напори Тимот се состои од 6 членови кои најнапред ќе ги разгледаат сите функционалности и потреби на системот и според тоа ќе ја подготват спецификацијата. За време на развојот на системот постојано ќе се проверува дали ќе се придржува на спрецификација и ќе ги исполнува сите барања.

11.4 Ризици Ризикот за неостварување е можен во поглед на временскиот период, но веројатноста е мала бидејќи се земени разумни временски периоди за развој и бројот на членови на тимот кои ќе работат се доволни за правилна распределба.Секогаш има можност да има ризик со бројот на членовите од тимот при појава на здравствени проблеми или отказ.Во однос на трошоците, се смета дека одстапки не би треабло да има.

11.5 Стабилност Стабилноста на системот се однесува на смислата за неговото постоење или точното и јасно сфаќање на работите кои го карактеризираат од страна на развивачите.Системот треба да се придржува и да нема големи отстапки од првичниот договор.

11.6 Target Release Сеуште не е дефинирано кога ќе биде пуштен системот во употреба. Дополнитело ќе се дефинираат датумот, времето како и пораката за имплементацијата на системот.

11.7 Assigned To Развивањето на системот е од страна на целиот тим односно секој член од тимот има прилично исти познавања за проблематиката, сите во исто време ќе работат на развивањето со што ако има потреба од дополнителни активности ќе бидат распоредени во зависност од потребите за системот,а воедно ќе бидат и дефинирани дозволените отстапки како и мерката за колку време треба да биде извршена активноста. Со консултации меѓу членовите како и надлежните проблемите ќе се совладаат.

11.8 Причина Причината за развој на системот е поедноставување и можност купувачите на побрз и поефикасен начин да можат да порачаат одреден продукт кој го нуди сендвичарата и без да одат до самато место да можат да го имаат тој продукт, можност секогаш да бидат во тек со случувањата т.е да ги знаат новите продукти, времето за колку ќе им биде готов продуктот, со помош на тајмер да знаат за колку време ќе им стаса продуктот до дома. Седвичарата ќе биде во предност за разлика од другите слични сендвичари со тоа што ќе има брз и едноставен систем за порачување на продукти on-line со што купувачите не мора да имаат свои кориснички имиња за да знаат што е ново кај нас.

Системот ќе му помага на менаџерот да врши статистика за тоа како оди работата во сендвичарата дали бројот на купувачи се зголемува и кој од продуктите е најбаран, како и коментари од купувачите дали се задоволни или не од нашата услуга со помош на јавни форуми.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.