= еГлас = ''**Систем за електронско спроведување избори**'' Започнат: ноември 2023 Предмет: Бази на податоци 2023/2024/Зимски Под менторство на: вон. проф. д-р Вангел Ајановски === '''Краток опис на проектот''' === Проект - веб апликација за електронско спроведување избори. Апликацијата ќе се состои од неколку секции: * внесување на избирачки листи и важечки документи за идентификација * внесување избирачки единици и избирачки места * спроведување на анонимен процес на гласање * аналитички прикази од резултатите и излезноста * поднесување и евалуација на приговори Дополнително, би била достапна архива од сите претходно организирани избори, со целосна статистика за резултатите. Првите две секции ќе бидат достапни за корисници со напредни привилегии (администратори). Во спроведувањето на изборите, учествуваат повеќе типови корисници со различни привилегии, како што се: евидентирање на излезноста, генерирање персонализирани извештаи. Замислата е процесот на гласање да може да се изведува и онлајн, по претходна верификација на документот за идентификација, но и со физичко присуство на избирачкото место, каде наместо класичниот начин, гласањето ќе е преку паметен уред, со тоа што по идентификација од страна на членовите на избирачката комисија, корисникот ќе добие единствен код за идентификација. На овој начин резултатите од излезноста и гласањето би биле веднаш достапни. Делот за приказ на аналитика од гласачкиот процес би бил јавно достапен, односно секој ќе може да пристапи до низа графикони за избраните критериуми. По завршување на гласачкиот процес, сите учесници би имале можност да поднесат приговор кој соодветно ќе биде евалуиран од избирачката комисија. Ова е само првична идеја, која зависно од изборот на рамката за развој и потребниот степен на комплексност може да биде изменета. === '''Членови на тимот''' === ||='''Име и презиме'''=||='''Индекс'''=|| || Давид Арсов (координатор) || 211012 || || Игор Гошев || 211255 || || Јован Симоноски || 212005 || === '''Фази и координација''' === ||= Фаза =||='''Име на фаза'''=||='''Статус'''=||='''Датум'''=|| || P0 ||=[wiki:About Дефинирање на потреби за база на податоци] =|| [[span(style=color: green, **одобрено** )]] || 8.11.2023 || || P1 ||=[wiki:ERModel Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања] =|| [[span(style=color: green, **одобрено** )]] || 8.11.2023 || || P2 ||=[wiki:DDL Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL)] =|| [[span(style=color: green, **одобрено** )]] || 9.11.2023 || || P3 ||=[wiki:UseCaseModel Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи] =|| [[span(style=color: green, **одобрено** )]] || 12.1.2024 || || P4 ||=[wiki:AdvancedReports Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)] =|| [[span(style=color: green, **одобрено** )]] || 29.1.2024 || || P5 ||=[wiki:PrototypeApplication Прототип апликација - Основни функционалности] =|| [[span(style=color: #FFBF00, **завршено** )]] || 20.2.2024 || || P6 ||=[wiki:Normalization Нормализација и подобрувања на дизајнот] =|| || TBA || || P7 ||=Напреден апликативен развој =|| || TBA ||