= Релационен Модел = '''Релационен дијаграм''' Дијаграмот е изработен во Visual Paradigm и го прикажува целосниот релационен модел на базата на податоци на системот Alumni Career Tracker. [[Image(ACT_BAK.png)]] '''Описна документација''' '''University, Faculty, !StudyProgram''' Универзитетот е највисока институција. Секој факултет припаѓа на точно еден универзитет, а секоја студиска програма припаѓа на точно еден факултет. Овие три табели формираат хиерархија која го опишува образованието на дипломираните студенти. '''Studies и Diploma''' Табелата Studies ја поврзува табелата User со !StudyProgram и го следи статусот на студирањето. Дипломата е посебна табела поврзана со Studies преку one-to-one врска, бидејќи не секое студирање резултира со диплома. '''User''' Централна табела на моделот. Корисникот (alumni) е поврзан со речиси сите останати ентитети — студирање, вработување, пракси, вештини, настани, курсеви, стартапи и награди. '''Employment, Position, !SalaryHistory, Promotion''' Вработувањето е моделирано како посебна табела бидејќи еден корисник може да има повеќе вработувања во различни компании во различни периоди. Позицијата, историјата на плати и унапредувањата се посебни табели поврзани со Employment, бидејќи сите тие можат да се менуваат во рамките на истото вработување. '''Internship''' Праксата е моделирана одделно од вработувањето бидејќи по природа се разликува — нема плата, позиција или унапредување. Поврзана е со User и Company. '''Skill и User_Skill''' Вештините се дефинирани глобално во табелата Skill и се поврзуваат со корисници преку врската User_Skill, овозможувајќи еден корисник да поседува повеќе вештини, а една вештина да ја имаат повеќе корисници. '''!AdditionalCourse и !AdditionalCourse_User''' Дополнителните курсеви се поврзани со компании како организатори. Врската со корисникот ги следи статусот и датумот на завршување на курсот. '''Startup и Founder''' Стартапот е поврзан со Company бидејќи во одреден момент може да прерасне во компанија. Врската Founder овозможува еден стартап да има повеќе основачи, а еден корисник да основал повеќе стартапи. '''Event и Event_User''' Настаните се организирани од компании и корисниците можат да учествуваат во различни улоги. Врската Event_User ја евидентира улогата на секој корисник на секој настан. '''Award''' Наградата е поврзана и со корисникот и со компанијата, бидејќи наградата ја доделува компанија на конкретен корисник. '''Industry и Company''' Индустријата е референтна табела која ги категоризира компаниите според секторот во кој работат.