| Version 4 (modified by , 13 days ago) ( diff ) |
|---|
Сценарија на случаи на употреба
Корисник
| ИД | 1 |
|---|---|
| Име на корисничко сценарио | Преглед на производи |
| Цел во контекст на системот | Корисникот бара да ја види листата на производи кои се достапни во рамките на онлајн продавницата. |
| Актери | Нерегистриран корисник или регистриран корисник. |
| Тригер | Корисникот притиска на копчето "View Products" во рамките на почетната страница. |
| Предуслов | Да постои барем еден достапен производ во листата на производи. |
| Состојба при успешен крај | Листата на производи кои се на лагер се вчитани и прикажани на екранотна корисникот |
| Состојба при неуспешен крај | Доколку во моментот нема достапни производи на страницата, производите не се вчитани, а на екранот е прикажана соодветна error порака. |
| Нормален тек | 1. На почетната страница иницијално стои копче "View Products", кое исто така е достапно со скролање надоле на почетната страница во секцијата "Featured Products" 2. Со клик на копчето корисникот на екранот ќе биде прикажана страница со сите достапни земјоделски производи во рамките на онлајн продавницата. 3. Алтернативно, производите се распределени во соодветни категории во dropdown menu во рамките на навигационото мени во горниот дел на страницата , па соодветно на желбите на корисникот ќе бидат прикажани само оние производи од категоријата која ќе ја избере. 4. Системот прикажува адекватна слика за конкретниот производ, краток опис за производот и цена за истиот. |
| Дополнителен тек | 5. Со клик на производот се прикажува детален опис околу начинот на употреба на производот, како да се одгледува дадена земјоделска култура и сл. |
| Исклучоци | 1.Недостапност на системот 2.Неажурирана листа на достапни производи |
| Приоритет | Must Have |
| Фреквенција на користење | Според потреба на корисникот. |
| ИД | 2 |
|---|---|
| Име на корисничко сценарио | Нарачка и Плаќање |
| Цел во контекст на системот | Корисникот го селектира пожелниот производ кој сака да го нарача. |
| Актери | Нерегистриран корисник или регистриран корисник. |
| Тригер | Корисникот притиска на копчето "Add to cart" |
| Предуслов | Селектираниот производ да е достапен на лагер во посакуваната количина |
| Состојба при успешен крај | На екранот на корисникот се прикажува порака за успешна нарачка, дополнително следува и потврда за успешна нарачка на корисничката е-маил адреса која ја проследил корисникот при нарачка. |
| Состојба при неуспешен крај | Се прикажува error страница во која се наведени причините за неуспешна нарачка или неуспешна трансакција |
| Нормален тек | 1. Корисникот првично навигира кон страницата со достапни производи со клик на копчето "View Products" 2. Под секој производ стои копче "Add to cart". Со клик на копчето корисникот го додава соодветниот производ во кошничка 3. Со клик на копчето "Order Now" кое се наоѓа на иницијалната секција на почетната страница, системот го пренасочува корисникот кон продуктите кои се додадени во кошничката и продолжува кон наплата. 4.Корисникот пополнува соодветна форма со лични податоци, контакт и избира начин на плаќање (кеш при достава или со соодветна платежна картичка.) |
| Дополнителен тек | 5. Доколку при клик на копчето "Order Now" потрошувачката кошничка е празна, системот ќе прикаже страница со соодветна порака на која се наоѓа копчето "Start shopping" 6.Со клик на копчето "Start shopping" системот го пренасочува корисникот кон страницата со производи за да ги избере посакуваните производи 7. Дополнително пред корисникот да ја потврди нарачката може соодветно да менаџира со производите во својата кошничка односно бришење на веќе додадени производи, промена на количината на посакувани производи или додавање на нови производи. |
| Исклучоци | 1.Недостапност на системот 2.Неажурирана листа на достапни производи |
| Приоритет | Must Have |
| Фреквенција на користење | Според потреба на корисникот. |
| ИД | 3 |
|---|---|
| Име на корисничко сценарио | АИ асистент |
| Цел во контекст на системот | Дава препораки на производи кои ги задоволуваат потребите наведени од страна на корисникот и проследува дополнителни информации во врска со производот, начинот на употреба, начинот и времето на достава на истиот. |
| Актери | Нерегистриран корисник или регистриран корисник. |
| Тригер | Корисникот притиска на chat иконата во долниот десен агол, која е достапна во рамките на сите страници кои се дел од сајтот. |
| Предуслов | Нема |
| Состојба при успешен крај | АИ асистентот генерира листа на производи кои одговараат на потребите кои ги навел корисникот во chat. |
| Состојба при неуспешен крај | АИ асистентот генерира порака за грешка од типот "Sorry, I couldn't reach the server. Please try again later." и сл. |
| Нормален тек | 1. Со клик на chat копчето во долниот десен агол на сајтот се отвора prompt за т.н разговор со АИ асистентот интегриран во рамките на апликацијата. 2. Корисникот поставува прашање од негов интерес во склоп на земјоделството и агрокултурата 3.Соодветно на одредени клучни зборови , АИ асистентот ќе проба да најде производ од оние кои се достапни на сајтот, кој најмногу одговара на потребите и интересите кои претходно биле наведени од страна на корисникот. 4. Дополнително обезбедува и прирачник за користење на препорачаните производи во дадени услови. |
| Исклучоци | 1.Недостапност на системот 2.Неажурирана листа на достапни производи |
| Приоритет | Optional |
| Фреквенција на користење | Според потреба на корисникот. |
Администратор
| ИД | 4 |
|---|---|
| Име на корисничко сценарио | Најава |
| Цел во контекст на системот | Дозвола за управување со апликацијата |
| Актери | Администратор |
| Тригер | Клик на Admin Log In иконата во горниот десен агол. |
| Предуслов | Најава со соодветното корисничко име и лозинка за администратор |
| Состојба при успешен крај | Во навигационото мени на врвот на апликацијата се појавува корисничкото име со кое е најавен администраторот и дополнително поле под името Admin Panel. |
| Состојба при неуспешен крај | Доколку бидат внесени неточно корисничко име или лозинка, системот прикажува порака за неуспешна најава, по што корисникот може повторно да се обиде. |
| Нормален тек | 1. Администраторот навигира кон иконата за најава 2. Системот прикажува соодветен Pop up прозорец во кој администраторот треба да внесе корисничко име и лозинка 3. Откако администраторот успешно ќе се најави, на екранот на администраторот е достапен Admin Panel кој се прикажува само доколку корисникот е најавен како администратор, односно не е видлив за обичните корисници на апликацијата. 4. Aдминистраторот понатаму преку овој админ панел може да менаџира со производите на страницата. |
| Дополнителен тек | 5. Кога администраторот ќе заврши со обврските околу страницата и производите, може да се одјави од својата сметка со клик на иконата за излез во горниот десен агол на навигациското мени. |
| Исклучоци | Недостапност на системот |
| Приоритет | Must Have |
| Фреквенција на користење | 1.Според потреба на корисникот. 2.Бројот на нарачки 3.Потреба за едитирање на производите достапни на апликацијата. |
| ИД | 5 |
|---|---|
| Име на корисничко сценарио | Менаџирање на онлајн продавница |
| Цел во контекст на системот | Управување со производите и нарачките на корисниците |
| Актери | Администратор |
| Тригер | Корисникот во улога на администратор навигира кон админ панелот |
| Предуслов | Најава со соодветното корисничко име и лозинка за администратор |
| Состојба при успешен крај | Непречена работа на апликацијата. |
| Состојба при неуспешен крај | Незачувани промени или пад на системот. |
| Нормален тек | 1. Корисникот најавен во улога на администратор навигира кон Админ панелот. 2. Во админ панелот достапни се две секции, од кои едната служи за креирање на нови производи, а другата секција обезбедува листа на достапни производи во онлајн продавницата во моментот. |
| ИД | 6 |
| Дополнително сценарио | Додавање производи |
| Дополнителен тек | 3. Администраторот навигира кон полето "Create Product" 4.Системот прикажува соодветна форма за креирање на нов производ во која администраторот треба да ги внесе соодветните информации за име на производот, опис, цена, количина достапна на лагер, да селектира во која категорија на производи припаѓа истиот и други информации кои се потребни за детален опис на производот. 5. Со клик на копчето Create новиот производ ќе биде прикажан на страницата за производи. |
| ИД | 7 |
| Дополнително сценарио | Бришење производи |
| Дополнителен тек | 3. Администраторот навигира кон полето "All Products" 4.Системот ја прикажува целокупната листа на производи достапни на лагер. 5. Достапна е delete опција со која селектираниот производ се брише од листата на производи и повеќе не е достапен за корисниците. |
| Исклучоци | Недостапност на системот |
| Приоритет | Must Have |
| Фреквенција на користење | Според потреба на администраторот. |
Attachments (1)
- admin.png (35.4 KB ) - added by 13 days ago.
Download all attachments as: .zip
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.
