= Дефинирање на проектот - Blink Buy == Членови на тимот ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || || Ева Ѓорѓевиќ || 231169 || Координатор || || Илија Трајковски || 231050 || Член на тимот || || Марија Манчева || 231286 || Член на тимот || || Филип Ташков || 231164 || Член на тимот || == Краток опис на проектот '''Blink Buy''' претставува сеопфатна е-commerce платформа наменета за онлајн трговија со фокус на прецизно управување со залихите и логистиката. Системот овозможува поврзување на купувачите со производи преку интуитивен кориснички интерфејс. '''Купувачите''' можат да пребаруваат производи преку категории и атрибути, да управуваат со нарачки и листи на желби, да користат купони за попуст и да учествуваат во програма за лојалност. Системот овозможува преглед на статусот на нарачките и пратките. '''Продавачите''' имаат напредна контрола врз инвентарот. Наместо само следење на вкупна количина, системот овозможува следење на конкретни физички единици (Product Instances) преку сериски броеви, што е од клучно значење за гаранции и контрола на квалитет. '''Администраторите''' го надгледуваат целиот екосистем, вклучувајќи го управувањето со категориите, конфигурација на методите за достава, безбедносните логови на системот и решавање на тикети за корисничка поддршка. == Детален опис на проектот '''1. За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' Базата на податоци и самата платформа се наменети за фирма/организација која дејствува како сопственик на сервисот (Platform Provider) според SaaS модел. Оваа организација е одговорна за одржување на инфраструктурата, додека нејзините потреби се фокусирани на овозможување на сигурна и скалабилна околина за тргување. Корисници на овој сервис се: '''Фирми-продавачи (Vendors):''' Компании на кои им е потребен напреден систем за дигитална продажба и софистицирано менаџирање на магацинското работење без да инвестираат во сопствен софтвер. '''Физички лица (Customers):''' Крајни купувачи кои имаат потреба од централизирано место за безбедно пазарување, споредба на цени и следење на лојалност. '''2. Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' Blink Buy решава критични деловни и логистички проблеми со кои се соочуваат современите e-commerce организации: '''Комплексна логистика на повеќе продавачи:''' Овозможува ефикасно управување со залихи распоредени во повеќе магацини на различни локации. '''Непрецизност во следењето на залихите:''' Проблемот со водење само на вкупна количина е решен преку воведување на физички примероци (Product Instances), што овозможува прецизно следење на секој артикл преку уникатен сериски број. '''Управување со гаранции и рекламации:''' Поради серијализацијата на производите, лесно се утврдува кој точно примерок е продаден, кога и со каква гаранција. '''Финансиска транспарентност:''' Водењето на историја на цени (Price History) помага во заштита на потрошувачите и аналитика на пазарот. '''Доверба кај купувачите:''' Решавање на проблемот со лажни или нерелевантни рецензии преку систем за гласање за нивната корисност (Helpful votes). '''3. Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' Пристапот до системот е поделен врз основа на улогите дефинирани во релациониот модел: '''Администратори:''' Вработени кај сопственикот на платформата кои го надгледуваат целиот систем, управуваат со шифрарниците и безбедносните логови. '''Продавачи (Sellers):''' Компании-клиенти или нивни вработени кои управуваат со залихите и магацините поврзани со нивниот профил. '''Купувачи (Customers):''' Крајни клиенти кои пристапуваат до платформата за да купуваат производи, управуваат со своите профили и адреси. '''Агенти за поддршка (Support Staff):''' Вработени одговорни за процесирање на тикетите за поддршка и решавање на конфликти, моделирани преку системот на улоги. '''Курири (!Couriers/Delivery Agents):''' Надворешни партнери или вработени во логистички компании кои имаат ограничен пристап до системот. Нивната примарна одговорност е ажурирање на информациите во табелата `SHIPMENTS`, вклучувајќи го внесувањето на `tracking_number` и промена на статусот на пратките по нивната успешна испорака до крајниот клиент. '''4. Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' Како студентски проект, се фокусиравме на тоа да ја раздвоиме правилно логиката на производите од магацинското работење. Главната разлика е во подеталното моделирање на физичките примероци (сериски броеви), што ни овозможува подобра контрола врз залихите и полесно решавање на евентуални рекламации или гаранции. Секој shipment item е поврзан со конкретен физички примерок `PRODUCT_INSTANCE` што овозможува прецизно следење на испораката. Ова овозможува прецизно следење на тоа кои точно производи се испратени, дури и кога една нарачка е поделена на повеќе пратки. '''5. Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' Проектот Blink Buy е замислен и се развива како '''веб апликација'''.