= Дефинирање на проектот - Blink Buy == Членови на тимот ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || || Ева Ѓорѓевиќ || 231169 || Координатор || || Илија Трајковски || 231050 || Член на тимот || || Марија Манчева || 231286 || Член на тимот || || Филип Ташков || 231164 || Член на тимот || == Краток опис на проектот '''Blink Buy''' претставува сеопфатна е-commerce платформа наменета за онлајн трговија со фокус на прецизно управување со залихите и логистиката. Системот овозможува поврзување на купувачите со производи преку интуитивен кориснички интерфејс. '''Купувачите''' можат да пребаруваат производи преку категории и атрибути, да управуваат со кошнички и листи на желби, да користат купони за попуст и да учествуваат во програма за лојалност. Системот овозможува преглед на статусот на нарачките и пратките. '''Продавачите''' имаат напредна контрола врз инвентарот. Наместо само следење на вкупна количина, системот овозможува следење на конкретни физички единици (Product Instances) преку сериски броеви, што е од клучно значење за гаранции и контрола на квалитет. '''Администраторите''' го надгледуваат целиот екосистем, вклучувајќи го управувањето со категориите, конфигурација на методите за достава, безбедносните логови на системот и решавање на тикети за корисничка поддршка. == Детален опис на проектот '''1. За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' Базата на податоци и самата платформа се наменети за фирма/организација која дејствува како сопственик на сервисот (Platform Provider) според SaaS модел. Оваа организација е одговорна за одржување на инфраструктурата, додека нејзините потреби се фокусирани на овозможување на сигурна и скалабилна околина за тргување. Корисници на овој сервис се: '''Фирми-продавачи (Vendors):''' Компании на кои им е потребен напреден систем за дигитална продажба и софистицирано менаџирање на магацинското работење без да инвестираат во сопствен софтвер. '''Физички лица (Customers):''' Крајни купувачи кои имаат потреба од централизирано место за безбедно пазарување, споредба на цени и следење на лојалност. '''2. Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' Blink Buy решава критични деловни и логистички проблеми со кои се соочуваат современите e-commerce организации: '''Комплексна логистика на повеќе продавачи:''' Овозможува ефикасно управување со залихи распоредени во повеќе магацини на различни локации. '''Непрецизност во следењето на залихите:''' Проблемот со водење само на вкупна количина е решен преку воведување на физички примероци (Product Instances), што овозможува прецизно следење на секој артикл преку уникатен сериски број. '''Управување со гаранции и рекламации:''' Поради серијализацијата на производите, лесно се утврдува кој точно примерок е продаден, кога и со каква гаранција. '''Финансиска транспарентност:''' Водењето на историја на цени (Price History) помага во заштита на потрошувачите и аналитика на пазарот. '''Доверба кај купувачите:''' Решавање на проблемот со лажни или нерелевантни рецензии преку систем за гласање за нивната корисност (Helpful votes). '''3. Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' Пристапот до системот е поделен врз основа на улогите дефинирани во релациониот модел: '''Администратори:''' Вработени кај сопственикот на платформата кои го надгледуваат целиот систем, управуваат со шифрарниците и безбедносните логови. '''Продавачи (Sellers):''' Компании-клиенти или нивни вработени кои управуваат со залихите и магацините поврзани со нивниот профил. '''Купувачи (Customers):''' Крајни клиенти кои пристапуваат до платформата за да купуваат производи, управуваат со своите профили и адреси. '''Агенти за поддршка (Support Staff):''' Вработени одговорни за процесирање на тикетите за поддршка и решавање на конфликти, моделирани преку системот на улоги. '''4. Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' Како студентски проект, се фокусиравме на тоа да да ја раздвоиме правилно логиката на производите од магацинското работење. Главната разлика е во подеталното моделирање на физичките примероци (сериски броеви), што ни овозможува подобра контрола врз залихите и полесно решавање на евентуални рекламации или гаранции. Дополнително, моделот користи табела за алокација `ORDER_ITEM_ALLOCATIONS` која ги поврзува продадените ставки со конкретни физички примероци, овозможувајќи поддршка за количини > 1 и прецизна логистика. '''5. Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' Проектот Blink Buy е замислен и се развива како '''веб апликација'''.