== Членови на тимот || Индекс || Име и презиме || || 231077 || Ивана Дачевска || || 231076 || Ивана Апостолова || || 231073 || Вероника Иванова || == Kраток опис на проектот BookNest – Book Organization and Operations for Knowledge with Navigation, Efficiency, System and Technology е систем наменет за управување со библиотека кој им помага на вработените поефикасно да ги организираат книгите, корисниците и позајмувањата. Базата на податоци во рамки на системот содржи различни типови на податоци поврзани со работењето на библиотеката, при што се чуваат информации за книги, како што се наслов, автор, категорија и статус на достапност, како и податоци за автори, издавачи и категории со кои книгите се поврзани. Дополнително, системот содржи податоци за корисници, нивните улоги (администратор, библиотекар и член) и нивните членства. Во рамки на системот се овозможува лесно пребарување на книги според различни критериуми, што овозможува брзо пронаоѓање на потребната литература. Системот ја следи достапноста на секој примерок и им овозможува на корисниците да резервираат книги. Дополнително, во базата се евидентираат трансакциски податоци како позајмување, враќање и резервација на книги, при што системот автоматски ги следи роковите, испраќа потсетници и пресметува казни при доцнење. Покрај тоа, се чуваат и податоци за активности на корисниците, како пребарувања и прегледи на книги, што овозможува полесна анализа и генерирање извештаи, со што се подобрува целокупното управување со библиотеката. == Детален опис на проектот BookNest е систем наменет за полесно и поефикасно управување со библиотека. Главната цел на системот е да им помогне на вработените во библиотеката во организирањето на книгите, корисниците, позајмувањата, резервациите и членствата, а истовремено да им овозможи и на членовите полесен пристап до информациите и услугите што ги нуди библиотеката. Користењето на системот започнува со најава на корисникот. Во системот постојат три типа на корисници: Admin, Librarian и Member. Секој од нив има различен пристап во зависност од својата улога. На тој начин системот обезбедува контролиран и безбеден пристап до податоците и функционалностите. Откако корисникот ќе се најави, системот му прикажува функции во согласност со неговата улога. Доколку е најавен член, тој може да пребарува книги според наслов, автор, категорија, жанр или други достапни информации. При секое пребарување, системот чува податоци за активноста на корисникот, односно се евидентира што пребарувал и кои книги ги прегледувал. На овој начин библиотеката добива подобар увид во интересите на корисниците и во побарувачката на одредени книги или категории. Кога корисникот ќе избере одредена книга, системот прикажува подетални информации за неа, како што се авторот, издавачот, категоријата, жанрот, описот, јазикот, годината на издавање и нејзината моментална достапност. Бидејќи во базата се води евиденција и за примероци на книги, системот може прецизно да покаже дали одредена книга е достапна за позајмување. Доколку книгата е достапна, корисникот може да направи резервација или да започне постапка за нејзино позајмување според правилата на библиотеката.Кога се реализира позајмување, системот создава запис за таа активност и ги поврзува корисникот, книгата, примерокот и датумите поврзани со позајмувањето. На овој начин се води точна евиденција за тоа кој корисник ја има земено книгата, кога е земена и кога треба да биде вратена. При враќање на книгата, системот ја ажурира состојбата на примерокот и повторно ја означува книгата како достапна доколку нејзиниот примерок е вратен. Системот дополнително овозможува автоматско следење на роковите за враќање. Доколку членот не ја врати книгата навреме, системот автоматски пресметува казна за доцнење и ја евидентира во базата. Освен тоа, системот може да испраќа известувања и потсетници, на пример неколку дена пред истекот на рокот за враќање на книгата, со цел да се намали бројот на задоцнети враќања.Покрај тоа, системот поддржува и управување со членства. Секој корисник-член може да има одреден тип на членарина, како месечна, полугодишна или годишна. Во базата се чуваат податоци за типот на членство, времетраењето, статусот и плаќањата поврзани со него. Системот овозможува следење на активните и истечените членства и испраќа известувања пред истекување на членарината. Од друга страна, библиотекарот има пошироки можности за работа со библиотечните ресурси. Тој може да додава нови книги, да ги ажурира постоечките информации, да внесува и следи примероци од книги, да евидентира позајмувања и враќања, да проверува достапност и да управува со резервации. Со тоа библиотекарот има директна контрола врз секојдневното работење на библиотеката.Администраторот има највисоко ниво на пристап во системот. Тој управува со корисниците, додава, ажурира и брише кориснички сметки, доделува улоги и има пристап до статистики и извештаи за работата на библиотеката. Дополнително, преку податоците за пребарувања, прегледи, позајмувања, резервации и казни, системот може да овозможи аналитички прегледи како MostPopularBooksMonthlyView и CategoryDemandView, кои помагаат при донесување одлуки и подобро планирање на библиотечните ресурси. На овој начин, BookNest претставува целосно решение кое ги поврзува сите клучни делови на библиотечното работење во еден систем. Тој не служи само за чување податоци, туку и за олеснување на секојдневните активности, подобрување на организацијата и обезбедување подобро искуство и за вработените и за членовите на библиотеката. **1. За кого е наменета базата на податоци и проектот, односно кој, според вашата идеја, ќе биде одговорен за поседување на базата и апликацијата и нивно обезбедување како услуга – дали е тоа компанија/институција/организација или поединец, и краток опис на нивните потреби?** Базата на податоци и проектот се наменети за библиотеки вклучувајќи јавни, универзитетски и приватни библиотеки. Овие институции ќе бидат сопственици на базата и апликацијата и ќе ги користат како услуга за управување со своето работење. **2. Кои проблеми во компанијата или организацијата ќе ги решите со вашето решение?** Со овој систем се решаваат проблемите со рачно и неорганизирано водење на евиденција, тешкотиите при следење на достапноста на книгите, како и управувањето со позајмувањата . Дополнително, системот овозможува автоматско следење на роковите и пресметка на казни, со што се намалуваат грешките и се зголемува ефикасноста на работењето. **3. Кои типови на корисници ќе имаат пристап до базата на податоци и проектот – во смисла на типови на вработени во компанијата/институцијата или клиенти?** Пристап до системот имаат три типа на корисници: администратор, библиотекар и член. Администраторот управува со корисниците и системот, библиотекарот управува со книгите, позајмувањата и резервациите, додека членовите можат да пребаруваат, резервираат и позајмуваат книги. **4. Доколку постојат други слични идеи во истата компанија или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, по што се разликува вашиот предлог?** Во одредени библиотеки, како што е библиотеката „Браќа Миладиновци“, сè уште постојат ограничувања во начинот на управување со податоците и услугите. На пример, не постои централизирана евиденција за тоа кои книги ги има позајмено секој член, ниту пак корисниците имаат можност самостојно да пристапат до својот историјат на позајмувања. Дополнително, недостасува можност за онлајн пребарување и резервација на книги, што значи дека корисниците мора физички да ја посетат библиотеката за да проверат достапност или да позајмат книга. Во однос на тоа, BookNest се разликува по тоа што овозможува целосна дигитализација на овие процеси. Системот обезбедува централизирана база на податоци во која се чуваат сите информации за корисниците и нивните активности, вклучувајќи детална евиденција за позајмените книги. Дополнително, системот овозможува онлајн пребарување и резервација на книги, автоматско следење на роковите и испраќање известувања, со што значително се подобрува корисничкото искуство и ефикасноста на работењето. **5. Дали станува збор за веб, мобилна и/или десктоп апликација?** Системот е предвиден како веб апликација и притоа овозможува лесен пристап преку интернет од различни уреди без потреба од инсталација.