= Database Creation = Во фазата Database Creation беше реализирана архитектурата на базата преку моделирање на 30 табели, кои ги опфаќаат основните ентитети и меѓутабелите за M:N релации. Исто така беа креирани 9 VIEWs за полесен пристап до податоците и поддршка на најчесто користените функционалности во системот. = DDL = [attachment:DDL.sql DDL.sql] = VIEWS= [attachment:VIEWS.sql views.sql] == Опис на погледите == === view_admin === Овој поглед е наменет за административен увид и следење на обврските на членовите. Обезбедува преглед на членовите на библиотеката и нивната активност, односно ги прикажува корисничките информации, бројот на извршени позајмувања, бројот на неплатени казни и вкупниот долг за секој корисник. === view_myreservations === Овој поглед ги прикажува сите резервации на книги и ги содржи информациите за наслов на книгата, датум на резервација, рок на важност и моментален статус на резервацијата. === view_currentloans === Во овој поглед се прикажуваат активните позајмувања на книги кои се уште не се вратени. Покрај основните податоци за книгата, се прикажува и бројот на преостанати денови до рокот за враќање. === view_bookcatalog === Во овој поглед за секоја книга се прикажува автор, категорија, жанр, издавач и година на издавање, за полесен преглед на библиотеката. === view_mynotifications === Овој поглед овозможува преглед на сите известувања испратени до корисниците. Содржи информации за типот на известување, статусот и времето на неговото креирање.