= Database Creation = Во фазата Database Creation беше реализирана архитектурата на базата преку моделирање на 30 табели, кои ги опфаќаат основните ентитети и меѓутабелите за M:N релации. Исто така беа креирани 9 VIEWs за полесен пристап до податоците и поддршка на најчесто користените функционалности во системот. = DDL = [attachment:DDL.sql DDL.sql] = VIEWS= [attachment:VIEWS.sql views.sql] == Опис на погледите == === view_admin === Овој поглед е наменет за административен увид и следење на обврските на членовите. Обезбедува преглед на членовите на библиотеката и нивната активност, односно ги прикажува корисничките информации, бројот на извршени позајмувања, бројот на неплатени казни и вкупниот долг за секој корисник. === view_myreservations === Овој поглед ги прикажува сите резервации на книги и ги содржи информациите за наслов на книгата, датум на резервација, рок на важност и моментален статус на резервацијата. === view_currentloans === Во овој поглед се прикажуваат активните позајмувања на книги кои се уште не се вратени. Покрај основните податоци за книгата, се прикажува и бројот на преостанати денови до рокот за враќање. === view_bookcatalog === Во овој поглед за секоја книга се прикажува автор, категорија, жанр, издавач и година на издавање, за полесен преглед на библиотеката. === view_mynotifications === Овој поглед овозможува преглед на сите известувања испратени до корисниците. Содржи информации за типот на известување, статусот и времето на неговото креирање. === view_userborrowhistory === Историјата на позајмувања за секој корисник се прикажува во овој поглед. Покрај информациите за книгата и датумите на позајмување, содржи и пресметки за времетраење на позајмувањето и доцнење при враќање, доколу има. === view_bookmonthly === Во овој поглед се прави статистика за најпрегледуваната книга во секој месец. Со користење на агрегатни функции се добива книгата со најголем број прегледи за секој месец и година. === view_upcomingevents === При овој поглед се прикажуваат сите претстојни настани организирани од библиотеката. Освен основните информации за настанот, се прикажува и статусот на достапност врз основа на бројот на слободни места. === view_myfinesandfees === Овој поглед обезбедува преглед на активните казни и финансиски обврски на корисниците и за секоја книга се прикажува изречената казна, нејзиниот износ, статусот и рокот за плаќање.