wiki:CinemaDB/Faza0

Version 1 (modified by 233280, 2 weeks ago) ( diff )

--

Фаза 0 – Опис на проектот

Опис на фаза

Краток опис на проектот (пола страна до страна)

Документација од фаза

Проектот претставува развој на комплексна релациона база на податоци наменета за управување со работењето на едно модерно кино. Главната цел на системот е да обезбеди организирано складирање, управување и анализа на податоците поврзани со кино индустријата. Во рамките на проектот ќе се дизајнира база на податоци која ќе содржи околу 21 меѓусебно поврзана табела. Таблиците ќе ги опфаќаат сите важни аспекти на функционирањето на едно кино. Дел од нив ќе содржат податоци за филмовите, нивните жанрови, режисери и актери. Други таблици ќе ги опишуваат киното, салите и седиштата, со што ќе се овозможи прецизна организација на просторот и капацитетот на секоја сала. Дел од базата ќе биде наменет за проекциите, каде ќе се чуваат информации за тоа кој филм се прикажува, во која сала и во кое време. Овие таблици ќе бидат директно поврзани со таблиците за билети и резервации, преку кои ќе се следи кои седишта се резервирани или продадени и од кои корисници. Дополнително ќе постојат таблици за корисници, плаќања и нарачки, со што ќе се овозможи евиденција на купувањата и финансиските трансакции. Базата исто така може да содржи таблици поврзани со вработени, нивните улоги и активности, како и таблици за рецензии на филмови, специјални настани и продажба на производи од кино барот.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.