= Фаза 2B – Внесување на податоци и погледи
== Опис
Оваа фаза опфаќа полнење на податоци и креирање на погледи.
== Фајл за полнење на табелите со податоци
[[html(cinemaDBInsertPodatoci.sql)]]
== Фајл кој содржи погледи
[[html(cinemaDBPogledi.sql)]]
== Погледи
- **`View 1: vw_film_available_showtimes`**: Погледот прикажува достапни термини за секој филм со слободни места. За секоја проекција прикажува информации за филмот, киното, салата, времето на почеток и крај, основната цена, вкупниот капацитет, бројот на зафатени места и бројот на слободни места. Се прикажуваат само проекции кои имаат барем едно слободно место (HAVING клаузула). Примарно се користи при резервација на билет.
- **`View 2: vw_user_reservations`**: Погледот прикажува комплетна историја на резервации за секој корисник. За секоја резервација прикажува информации за корисникот, филмот, киното, салата, седиштето, типот на седиштето, цената на билетот, статусот на резервацијата и деталите за плаќањето. Примарно се користи при преглед на резервации на конкретен корисник по user_id или email.
- **`View 3: vw_order_details`**: Погледот прикажува детали за нарачки на производи во киното. За секоја нарачка прикажува информации за корисникот, вработениот кој ја обработил, производите, количините, цените по производ и вкупната цена на нарачката. Примарно се користи при преглед на конкретна нарачка по order_id или при историја на нарачки по корисник.
- **`View 4: vw_cinema_schedule_by_period`**: Погледот прикажува распоред на проекции по кино за одреден временски период. За секоја проекција прикажува датум, ден во неделата, филм, траење, сала, време на почеток и крај, цена и жанрови. Примарно се користи при преглед на репертоарот на конкретно кино за одреден ден или период.
- **`View 5: vw_movie_reviews_summary`**: Погледот е имплементиран како Materialized View и прикажува резиме на рецензии за секој филм. За секој филм прикажува просечна оцена, вкупен број на рецензии, максимална и минимална оцена и жанрови. Бидејќи резултатите се чуваат физички на диск, агрегацијата на милиони рецензии не се извршува при секое барање. Примарно се користи при преглед на оцени за конкретен филм по movie_id или наслов.
- **`View 6: vw_showtime_schedule`**: Погледот прикажува основни детали за секоја проекција. За секоја проекција прикажува наслов на филм, траење, кино, сала, време на почеток и крај, основна цена и вкупен капацитет на салата. Примарно се користи при преглед на детали за конкретна проекција по showtime_id.
- **`View 7: vw_popular_movies`**: Погледот прикажува популарност на филмови според бројот на резервации. За секој филм прикажува наслов, година на издавање, вкупен број на резервации и просечна оцена преземена од vw_movie_reviews_summary. Резултатите се подредени по вкупен број на резервации во опаѓачки редослед. Примарно се користи при преглед на популарноста на конкретен филм по movie_id или наслов.
- **`View 8: vw_presentation_rights`**: Погледот прикажува кои кина имаат право да прикажуваат одреден филм. За секое право на прикажување прикажува наслов на филмот, годината на издавање, киното, градот и периодот на важење на правото (start_date и end_date). Примарно се користи при проверка на кои кина смеат да го прикажуваат конкретен филм или за кои филмови има доzvола конкретно кино.
- **`View 9: vw_monthly_revenue`**: Погледот прикажува месечни приходи по кино. За секој месец и кино прикажува вкупниот приход од плаќања на резервации и бројот на извршени плаќања. Резултатите се подредени хронолошки. Бидејќи е аналитички поглед кој мора да ги процесира сите записи, се користи поретко и е наменет за финансиски извештаи и анализа на приходи.