== !CinemaManagement == Краток опис на проектот Системот за управување со кино е веб апликација која овозможува складирање и обработка на податоци поврзани со филмови, кино проекции, корисници, резервации, билети и плаќања. Базата на податоци ќе содржи информации за филмови, жанрови, актери и режисери, како и за кино објекти, кино сали, седишта и нивната достапност. Дополнително, ќе се чуваат податоци за корисници, нивните резервации, купени билети, плаќања и нотификации. Апликацијата ќе овозможи корисниците да пребаруваат филмови, да изберат соодветна проекција и да резервираат или купат билет преку интернет. Системот ќе овозможи и оставање на коментари и оценки за филмовите, со што ќе се подобри интеракцијата со корисниците и ќе се обезбеди повратна информација за квалитетот на содржината. Проектот претставува веб базирана апликација наменета за кино компании, која ќе го автоматизира процесот на управување со содржината и продажбата на билети. Со имплементацијата на овој систем се очекува подобрување на ефикасноста на работењето, намалување на рачните процеси и подобрување на корисничкото искуство преку централизирана и лесно достапна дигитална платформа. == Членови: Ели Бочвароска - 231233 - координатор Ања Тасевска - 231054 Вања Тасева - 231021 Курс: Напредни бази на податоци 2025/2026/Летен Ментор: проф. д-р Горан Велинов, асистент Милан Тодоровиќ == Содржина ||= Фаза =||= Линк =||= Статус =||= Датум =|| || Ф0 || [wiki:AboutProject Дефинирање на проектот] || ''' [[span(style=color: #008000, Завршено )]] ''' || || || Ф1 || [wiki:RelationalModel Релационен Модел] || ''' [[span(style=color: #008000, Завршено )]] ''' || || || Ф2 || [wiki: Креирање на база на податоци] || ''' [[span(style=color: #0000FF, Започнато )]] ''' || || || Ф3 || Оптимизација || || || || Ф4 || Програмирње на базата || || || || Ф5 || Завршни доработки || || ||