== !CinemaManagement == Oпис на проектот Системот за управување со кино е веб апликација која овозможува лесно и ефикасно управување со кино проекции, филмови, резервации и продажба на билети. Апликацијата им овозможува на корисниците да ги прегледуваат достапните филмови, да изберат кино и проекција, да резервираат седишта и да купат билети преку интернет. Во системот постојат различни типови на корисници, како што се посетители и администратори. Посетителите можат да пребаруваат филмови според жанр, да ги видат актерите и режисерите, да изберат кино сала и седиште, како и да направат резервација или купување на билет. По гледањето на филмот, корисниците можат да остават коментар и оцена за филмот. Администраторите имаат можност да управуваат со содржината на системот, како додавање и уредување на филмови, актери, режисери, кино сали, проекции и промоции. Исто така можат да следат резервации, плаќања и активност на корисниците. Системот поддржува: преглед на филмови, жанрови, актери и режисери управување со кина, кино сали и седишта креирање и управување со филмски проекции резервација и купување на билети избор на конкретно седиште во салата online плаќање со различни методи на плаќање оставање на оценки и коментари за филмови испраќање нотификации и промоции до корисниците Со оваа апликација се подобрува корисничкото искуство при купување билети и се олеснува управувањето со киното преку централизирана дигитална платформа. == Членови: Ели Бочвароска - 231233 - координатор Ања Тасевска - 231054 Вања Тасева - 231021 Курс: Напредни бази на податоци 2025/2026/Летен Ментор: проф. д-р Горан Велинов, асистент Милан Тодоровиќ == Содржина {{{#!comment Бои: Не е започнато: #880808 Започнато: #7393B3 Завршено: #E49B0F Одобрено: #19a337 }}} ||= Фаза =||= Линк =||= Статус =||= Датум =|| || Ф0 || !AboutProject (Дефинирање на проект) || ... || || || Ф1 || !RelationalModel (Релационен модел) || || || || Ф2 || !DatabaseCreation (Креирање база) || || || || Ф3 || !QueryOptimization (Оптимизација) || || || || Ф4 || !DatabaseProgramming (Процедури и тригери) || || || || Ф5 || !AdvancedTopics (Напредни теми) || || ||