wiki:WikiStart

Version 4 (modified by 231233, 2 weeks ago) ( diff )

--

CinemaManagement

Ментор: проф. д-р Горан Велинов

Членови:

Ели Бочвароска - 231233 - координатор

Ања Тасевска - 231054

Вања Тасева - 231021

Курс: Напредни бази на податоци 2025/2026/Летен

Oпис на проектот

Системот за управување со кино е веб апликација која овозможува лесно и ефикасно управување со кино проекции, филмови, резервации и продажба на билети. Апликацијата им овозможува на корисниците да ги прегледуваат достапните филмови, да изберат кино и проекција, да резервираат седишта и да купат билети преку интернет. Во системот постојат различни типови на корисници, како што се посетители и администратори. Посетителите можат да пребаруваат филмови според жанр, да ги видат актерите и режисерите, да изберат кино сала и седиште, како и да направат резервација или купување на билет. По гледањето на филмот, корисниците можат да остават коментар и оцена за филмот. Администраторите имаат можност да управуваат со содржината на системот, како додавање и уредување на филмови, актери, режисери, кино сали, проекции и промоции. Исто така можат да следат резервации, плаќања и активност на корисниците. Системот поддржува: преглед на филмови, жанрови, актери и режисери управување со кина, кино сали и седишта креирање и управување со филмски проекции резервација и купување на билети избор на конкретно седиште во салата online плаќање со различни методи на плаќање оставање на оценки и коментари за филмови испраќање нотификации и промоции до корисниците Со оваа апликација се подобрува корисничкото искуство при купување билети и се олеснува управувањето со киното преку централизирана дигитална платформа.

Документација

Фаза Име на фазаСтатусДатум
Ф0 Дефинирање на проектот Завршено
Ф1 Релационен Модел - ЕР Дијаграм Завршено
Ф2 Креирање и пополнување на база на податоци (DDL, DML) Започнато
Ф3 Оптимизација на прашалници и погледи Не е започнато
Ф4 Функции, процедури, тригери Не е започнато
Ф5 Напредни теми Не е започнато

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.