Version 2 (modified by 5 years ago) ( diff ) | ,
---|
БИЗНИС СЛУЧАЈ
1. Вовед
Воведот во овој бизнис случај нуди преглед на целиот документ, вклучувајќи целта, опсегот дефиниции, акроними, кратенки референци.
1.1 Цел
Целта на овој Бизнис случај е да се документира оправданоста за развој и имплементација на едно вакво креативно решение кое не е имплементирано досега на овие простори врз основа на проценетите трошоци како и врз основ на ризиците и очекуваните бенефиции што треба да се добијат.
1.2 Опсег
Овој ИС не е поврзан со други информациски системи.
1.3 Дефиниции, Акроними и кратенки
/
1.4 Референци
/
1.5 Преглед
Во овој бизнис случај се опишува бизнис потенцијалот и се донесува заклучок за тоа дали е исплатлив групниот збор Creative Studio.
2. Опис на производот
Creative Studio претставува предлог систем каде што ќе им се овозможува на граѓаните на територијта на Република Македонија да си закажуваат фотосесии или снимање на видеа во зависност од нивните потреби. Граѓаните ќе можат да ги разгледуваат готовите материјали, ќе можат да закажуваат преку телефон, компјутер или лаптоп со помош на мобилна или веб апликација во зависност од уредот.
3. Бизнис Контекст
Овој информациски систем е наменет за сите граѓани на територија на Република Македонија како главни корисници кои ќе имаат кориснички профили на самиот сајт и за вработените во градот Скопје кој ќе го користат овој ИС како администратори и фотографи и видеографи и ќе одговораат соодветно во зависност од корисничките барања на корисниците за кого главно е наменет овој ИС.
4. Цели на производот
После разговори и интервјуа со стручни лица од фотографската област, и набројување на најголемите пречки при нивната работа, заклучено е предлог системот да се насочи кон избегнување или барем минимизирање на најчестите проблеми при комуникација на давателите и барателите на фотографски услуги.
Можеби еден од ризиците на ова решение е непочитување на договорот претходно склучен преку апликацијата во финансиска и временска гледна точка, неследење на финалните рокови или неодговарање соодветно на корисничките барања. Ризиците постојат од двете страни, но уште една од целите и да се минимизираат и да се контролираат овие проблеми кои се случуваат во фотографскиот свет. Ризиците можат да бидат контролирани со почитување на условите за користење на сајтот и на самите услуги на фотографите и видеографите, со потпишување на договор, со плаќање на депозит или пак целосна сума на услугата и слично.
5. Финансиска прогноза
За развој на ова решение потребни се 7200еу за плата на вработените (администраторите)
600 евра за базата на податоци Firebase која месечно чини 50 евра.
1 година | |
Ажурирање на страна | 7200 |
Одржување | 600 |
Трошок | 7800 |
Други трошоци | 6000 |
Вкупен придонес од сервис | 69120 |
Вкупен придонес од закажување | 86400 |
Вкупен придонес за првата година | 141720 |
Други трошоци
Изнајмување на канцелариски простор каде што сервисерите и администраторите ќе можат да работат - 500 еу месечно или 6000 еу годишно
Ако сервисерите работат по 24 дена месечно, приходите ќе бидат 1440еу на неделна база или 5760еу на месечна база или 69120еу на годишна база
Ако фотографиите работат по 24 дена месечно, при што имаат по 3 фотосесии на ден по просек, приходите ќе бидат 1800еу на неделна база или 7200еу на месечна база или 86400еу на годишна база
2 година | |
Ажурирање на страна | \ |
Одржување | 600 |
Трошок | 7800 |
Други трошоци | 6000 |
Вкупен придонес од сервис | 69120 |
Вкупен придонес од закажување | 86400 |
Вкупен придонес за првата година | 148720 |
3 година | |
Ажурирање на страна | \ |
Одржување | 600 |
Трошок | 7800 |
Други трошоци | 6000 |
Вкупен придонес од сервис | 69120 |
Вкупен придонес од закажување | 86400 |
Вкупен придонес за првата година | 148720 |
6. Ограничувања
/