== Индивидуална задача 2 - Методологија на развој CRM (Customer Relationship Management) е управување на систем каде што пристапот го има две страни (сервисерите и фотографите) кои се во постојана интеракција помеѓу себе. Во секој случај, независно од CRM или некој поинаков начин, па макар и најстандардна телефонска комуникација, двете страни ќе комуницираат меѓу себе. Што се однесува до самата опрема и самите фото компоненти тие отприлика ги делат истите знаења, кога станува збор за основно функционирање на опремата. Затоа, овој подсистем ќе се развива со технологијата позната како **Extreme Programming** или скратено **XP**, која е широко распространета агилна методологија за управување со проекти. Во исто време, таа методологија, заедно со RAD методологијата се нареден и подобрен чекор од оние методологии во софтверското инженерство уште од 70-тите и 80-тите како ''моделот на водопад'' Имено, XP работи на некои основни принципи кои сосема одговараат за овој подсистем, бидејќи вклучува физички и блиска интеракција на мали тимови на програмери, дизајнери, менаџери и самите клиенти кои кај мене се сервисерите и фотографите. \\\\ Поконкретно, оваа метологија се базира на 5 (пет) вредности и тоа: • едноставност (simplicity) • комуникација (communication) • повратен одговор (feedback) • почит (respect) • храброст (courage) Подсистемот ќе се креира во повеќе итерации кои траат од 1 - 2 недели зависи од обемноста на истите. При тие итерации се доставуваат едноставни дизајни кои чекаат да бидат корегирани од страна на клиентот, а во случајот тоа се двете засегнати страни на новиот CRM систем. [[Image(extreme_programming_loops.jpg)]]