== Индивидуална задача 2 - Студија за изводливост ---- **Feasibility study** или студија за изводливост во управување на еден проект претставува проценка на практичноста на истиот тој предложен проект. Најчесто студиите за изводливост се во склоп на DSDM методологија каде што се вклучува овој елемент. Имено, DSDM или **Dynamic Systems Development Method** претставува еден framework (на македонски - конструкција или скелет) кој е изграден околу **RAD (Rapid Application Development)* ** . \\ ''*RAD = техника за развој на апликација за која ќе се зборува во Индивидуална задача 4 ''\\ Постојат 5 типа на студија на изводливост и тоа: \\ • **Легална изводливост** - се извршува за да се провери дали предложениот план или проект соодветствува на на легалните и етички барања • **Економска изводливост** - вклучува анализа на приходите за да се прикажи колку добро (или лошо) еден процес ќе биде завршен • **Техничка изводливост** - се извршува за да се валидираат и потврдат техничките карактеристики, ресурси и можности и да се претворат идеите во функционални системи • **Операциска изводливост** - се извршува за да се разбере добро дали предложен систем/проект/план ги решава проблемите • **Временска (распоредувачка) изводливост** - претставува мерка колку е прифатливо времетраењето на проектот ---- За овој потсистем, поради неговата природа, не нарушува никакви легални или етички барања бидејќи системот единствено претставува управување со релациите на корисниците, или попрецизно корисниците на опрема кои ги пријавуваат своите дефекти. Затоа, баш поради таа причина, легалната изводливост се отфрла. **1. Економска изводливост** **2. Техничка изводливост** **3. Операциска изводливост** **4. Временска изводливост**