== Индивидуална задача 4 - Методски техники и алатки Во прилог се прикажани неколку алатки кои се базирани најмногу за да подржуваат агилни типови на методологии како Scrum и Extreme Programming. \\ Бидејќи подсистемот ја користи баш втората методологија, затоа овие алатки се соодветни за имплементација '''1. Extreme Planner'''\\ **ExtremePlanner** е едно од решенијата за управување на агилни бизнис процеси кои се ракува и користи само на интернет пребарувач. Ова решение е специфично изградено за да поддржува агилни методи вклучувајќи ги Scrum и XP\\ **ExtremePlanner** најмногу се фокусира на планирање и следење на напредокот или прогресот на можности кои имаат вистинска бизнис вредност на клиентите / корисниците Главните одлики на ExtremePlanner се: • Го поддржува цел тим, вклучувајќи ги проект менаџерите, девелоперите, контрола на квалитет, техничка поддршка и сите корисници вклучени во процесот [[Image(history.png)]] • Проценува и планира пуштање верзија на процес со drag-and-drop техника [[Image(release_planner.png)]] • Управува со одликите, дефектите, тест случаевите и тасковите на развој на едно место [[Image(story_edit.png)]] • Има вграден систем за следење на проблеми за да се менаџираат корисничките барање од почеток до крај [[Image(iteration_status.png)]]\\\\ [[Image(iteration_metrics.png)]] • Ги обезбедува најновите промени со email нотификации и извештаи за активностите во склоп на еден проект [[Image(project_activity.png)]] ''За повеќе информации − http://www.extremeplanner.com/'' ---- '''2. Project Planning and Tracking System'''\\ PPTS е една веб околина што поддржува и асистира на тимови кои одбрале да го развиваат својот софтвер според агилните методологија Scrum и/или Extreme Programming. Некои од функционалностите на PPTS се: • Администрација и водење на проектот, итерации и атрибути на ресурсите • Останати обврски на продуктот кои можат да бидат приоретизирани • Структура на работната анализа • Потребни метрики во склоп на проектот (брзина на работа и проценет труд на работа) • Графикон на прогрес • Календари • Алокација на ресурси • Пристап на информации базирани на улогата (админ или корисник) или улога во проект (лидерот на проектот, девелопер или клиент) • Прилагодување на менија, подменија и јазици (англиски и холандски јазик) ''За повеќе информации − http://ses-ppts.sourceforge.net/'' ---- '''3. Plone Extreme Management Tool'''\\ Plone Extreme Management алатката овозможува администрација на проекти која ја поддржуваат методологијата на Extreme Programming. Plone Extreme Management алатката нуди: • **Проект** - Менаџерите на проектот можат да додаваат повеќе проекти. За секој проект, итерациите и сториите можат да бидат додавани и од клиентите и од вработените • **Итерација** - Проектот ќе биде планиран со итерации. Итерација е период од 1 (една) до 3 (три) недели каде што одреден број на стории ќе бидат имплементирани • **Понуда** - Во понудата се содржат сториите кои клиентот сака да ги има во овој проект. Тоа претставува начин за да се соберат желбите на клиентот на едно место и да се направи првична проценка и индикација за големината и размерот на проектот. • **Сторија** - Клиентот може да дефинира нови можности со опишување на истите во една сторија • **Таск/задача** - Вработените можат да направат проценка на сторијата со дефинирање на тасковите • **Букирање/закажување/резервирање** - Додека вработените работат на тасковите/задачите тие можат да водат евиденција за времето и лесно да го букираат на крај на ден