wiki:interview

Version 2 (modified by Filip Gjorgjioski, 5 years ago) ( diff )

--

ИНТЕРВЈУ СО ФОТОГРАФИ ВО СКЛОП НА CREATIVE STUDIO


Прашање: Најпрво, дали на граѓаните во Република Македонија им е потребен ваков информациски систем и начин на управување и закажување на фотосесии?

Одговор: Во Република Македонија првично не постои ваков начин на функционирање и на закажување на фотосесии. Постоеле и постојат се уште неколку приватни фотостудија кои прават закажување на свадби и свадбени церемонии, но не од овој размер каде што ќе има и збир на независни freelance фотографи и видеографи кои ќе функционираат во една цела заедница. Можеби главната цел е да се олесни и забрза процесот на закажување, од една страна, и да се намалат недоразбирањата и конфликтите од друга страна. Информацискиот систем ќе го имаме и во мобилна и во десктоп верзија, со многу лесен и минимален кориснички дизајн за да можеме да покриеме поголема старосна група. Се разбира покрај примарниот начин на закажување на термин, а тоа е online преку апликациите, ќе бидат оставени и телефонски броеви за контакт каде што повторно ќе може да се закажи.


Прашање: Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат фотографите и клиентите?

Одговор: Еден од најголемите и најпрвите проблеми кои ние, како стручни лица се соочуваме е лошата комуникација помеѓу нас и клиентите. Постојат еден мал милион недоразбирања при креирања на понудата, доколку се закажува фотосесијата на стандардниот начин (на пример во живо / на некоја социјална мрежа / по телефон). Наредно, од гледна точка на клиентот, секогаш тој се стреми да ја добие услугата по што е можно најниска цена, а во пакет на тоа и самата испорака на услугите. Значи самиот проблем може да се именува како брза испорака за ниска цена. Наредно, особено кога ќе се одвива самиот настан или самата фотосесија или самото снимање на видео, клиентите имаат многу честа навика да бидат директно физички инволвирани во извршувањето на самиот процес. Исто така, се поставуваат непотребни прашања и се поставуваат во надредена позиција и во улога на супервизор. Со тоа се врши огромен притисок врз лицето кое ги нуди услугите и ги извршува корисничките барања.


Прашање: Какви и кои елементи треба да се состојат во склоп на овој систем?

Одговор:


Прашање: Дали мислите дека ваквиот начин на функционирање и закажување ќе ја олесни вашата работа како фотографи?

Одговор:


Note: See TracWiki for help on using the wiki.