wiki:interview

Version 4 (modified by Filip Gjorgjioski, 5 years ago) ( diff )

--

ИНТЕРВЈУ СО ФОТОГРАФИ ВО СКЛОП НА CREATIVE STUDIO


Прашање: Најпрво, дали на граѓаните во Република Македонија им е потребен ваков информациски систем и начин на управување и закажување на фотосесии?

Одговор: Во Република Македонија првично не постои ваков начин на функционирање и на закажување на фотосесии. Постоеле и постојат се уште неколку приватни фотостудија кои прават закажување на свадби и свадбени церемонии, но не од овој размер каде што ќе има и збир на независни freelance фотографи и видеографи кои ќе функционираат во една цела заедница. Можеби главната цел е да се олесни и забрза процесот на закажување, од една страна, и да се намалат недоразбирањата и конфликтите од друга страна. Информацискиот систем ќе го имаме и во мобилна и во десктоп верзија, со многу лесен и минимален кориснички дизајн за да можеме да покриеме поголема старосна група. Се разбира покрај примарниот начин на закажување на термин, а тоа е online преку апликациите, ќе бидат оставени и телефонски броеви за контакт каде што повторно ќе може да се закажи.


Прашање: Кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат фотографите и клиентите?

Одговор: Еден од најголемите и најпрвите проблеми кои ние, како стручни лица се соочуваме е лошата комуникација помеѓу нас и клиентите. Постојат еден мал милион недоразбирања при креирања на понудата, доколку се закажува фотосесијата на стандардниот начин (на пример во живо / на некоја социјална мрежа / по телефон). Наредно, од гледна точка на клиентот, секогаш тој се стреми да ја добие услугата по што е можно најниска цена, се одвиваат често и преговори за спуштање на износот според буџетот кој претходно си го има определено самиот клиент, а во пакет на тоа и самата испорака на услугите. Значи самиот проблем може да се именува како брза испорака за ниска цена. Наредно, особено кога ќе се одвива самиот настан или самата фотосесија или самото снимање на видео, клиентите имаат многу честа навика да бидат директно физички инволвирани во извршувањето на самиот процес. Исто така, се поставуваат непотребни прашања и се поставуваат во надредена позиција и во улога на супервизор. Со тоа се врши огромен притисок врз лицето кое ги нуди услугите и ги извршува корисничките барања.


Прашање: Какви и кои елементи треба да се состојат во склоп на овој систем?

Одговор: Клиентите ќе имаат можност да си ги разгледуваат материјали понудени на самиот сајт, кој може да се пристапи и преку телефон и преку лаптоп/десктоп. За тоа нема да биде потребно најавување и регистрација на сајтот. Исто така ќе можат стандардно да не контактираат доколку имаат некакви нејаснотии или пак сакаат по телефонски пат да закажат. Ќе имаат преглед на услугите односно ценовникот на понудени услуги кои фотографите / видеографите се способни да ги изведуваат во склоп на Creative Studio. Тие ќе бидат секундардните можности и елементи кои ќе ги има на сајтот

Додека пак, од друга страна, примарните можности и елементи ќе бидат високо функционални, но лесни за користење, форми за закажување на фотосесија или пак на снимање на видео (или во некои случеви на двете услуги). Клиентот ќе може да ги пополни сите детали според неговите кориснички барања за да се обезбеди побрзо и пофлуидно закажување и бирање на соодветниот кадар во зависност од барањата, а се разбира во зависност и од достапноста на вработените под Creative Studio. Под тие детали се подразбира внесување на времетраење, внесување на локација, број на фотографи/видеографи кои му се потребни за настанот, краен рок за испорака на фотографиите/видеата, обемот на работа, дополнителни услуги и дополнителни барања кои ќе можат да се додаваат во празни текстуални полиња.

На крај, ќе постои валидација на внесените информации и известување од системот во самиот сајт, како и преглед на истите информации и можност за промена од страна на клиентот, доколку има потреба. А пак ако се потврди внесувањето и правилно се валидираат податоците и информациите на клиентот и неговите кориснички барања, ќе се креира целосната понуда во форма на извештај, како и најблиска проценка на целиот износ според корисничките барања.


Прашање: Дали мислите дека ваквиот начин на функционирање и закажување ќе ја олесни вашата работа како фотографи?

Одговор:


Note: See TracWiki for help on using the wiki.