Version 1 (modified by 5 years ago) ( diff ) | ,
---|
ЗАКАЖУВАЊЕ НА ФОТОСЕСИЈА
НАРАТИВ: Клиентот се насочува и се регистрира на сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач со цел да може да ги користи услугите и да си закаже фотосесии. При тоа ги внесува своите кориснички барања и ја дознава цената на фотосесијата, и достапноста на некој од фотографите.
АКТЕРИ:
- Клиент - лице кое претставува корисник на сајтот на кого му се потребни услугите
- Фотограф - лице кое ги нуди своите услуги на сајтот
ПРЕДУСЛОВИ:
- Клиентот поседува компјутер или мобилен телефон со интернет конекција.
- Клиентот има 16 или повеќе години.
СЦЕНАРИО:
- Клиентот го отвора сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач
- Клиентот се најавува на сајтот
- Клиентот ја бира опцијата за закажување на фотосесија
- Системот отвора друга страна каде што се внесуваат параметри
- Сиситемот прикажува форма со празни текстуални полиња за внесување на корисничките барања
- Клиентот најпрво одбира фото услуги (постои опција за фото или видео)
- Системот отвора дополнителни празни текстуални полиња поради бирање на фото услугите
- Клиентот внесува број на фотографи кои му се потребни
- Клиентот внесува времетраење на фотосесијата
- Клиентот внесува локација на фотосесијата
- Клиентот внесува тип на фотосесија (дали е конференција, приватна фотосесија, свадба, журка, концерт и слично)
- Клиентот внесува свој краен рок за испорака на фотографиите
- Системот ги валидира внесените податоци и проверува дали некое од задолжителните полиња стои празно и непополнето
- Системот вади преглед на внесените податоци за да може клиентот да ги прегледа пред испраќање на барање за фотосесијата
- Клиентот се согласува со внесените податоци и клика за потврдување на барањето
- Системот прави груба проценка за цена на фотосесијата со листа на достапни фотографи и нивните тарифи
- Клиентот бира од листата на достапни фотографи во зависност од неговиот буџет
- Финално потврдување од страна на клиентот
- Системот испраќа мејл за потврда со наведените информации
- Клиентот добива мејл со направеното закажување
- Соодветниот фотограф избран според листата добива мејл и форма за потврда за ново закажување
- Фотосесијата е закажана
АЛТЕРНАТИВНИ ТЕКОВИ:
3А. Доколку корисникот одбере веќе постоечки негов GMAIL за начин на регистрација, регистрацијата е успешна и корисникот е пренасочен на почетната страна од сајтот 3Б. Доколку корисникот одбере facebook профил за начин на регистрација, регистрацијата е успешна и корисникот е пренасочен на почетната страна од сајтот
6А. Системот ги валидира внесените податоци и го известува патникот за погрешно (или не) внесените податоци и чека клиентот да ги внесе невнесените податоци или да ги поправи податоците со грешки. (враќа на чекор 4)
ПОСТ-УСЛОВИ:
- Клиентот има закажано фотосесија
- Се додава уште еден запис во листата на фотосесии
- Фотографот има уште еден ден работа