wiki:photoshoot

Version 4 (modified by Filip Gjorgjioski, 5 years ago) ( diff )

--

ЗАКАЖУВАЊЕ НА ФОТОСЕСИЈА


НАРАТИВ: Клиентот се насочува и се регистрира на сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач со цел да може да ги користи услугите и да си закаже фотосесии. При тоа ги внесува своите кориснички барања и ја дознава цената на фотосесијата, и достапноста на некој од фотографите.


АКТЕРИ:

  1. Клиент - лице кое претставува корисник на сајтот на кого му се потребни услугите
  2. Фотограф - лице кое ги нуди своите услуги на сајтот

ПРЕДУСЛОВИ:

  1. Клиентот поседува компјутер или мобилен телефон со интернет конекција.
  2. Клиентот има 16 или повеќе години.

СЦЕНАРИО:

  1. Клиентот го отвора сајтот Creative Studio преку интернет пребарувач
  2. Клиентот ја бира опцијата за закажување на фотосесија
  3. Системот отвора друга страна каде што се внесуваат параметри
  4. Сиситемот прикажува форма со празни текстуални полиња за внесување на корисничките барања
  5. Клиентот најпрво одбира фото услуги (постои опција за фото или видео)
  6. Системот отвора дополнителни празни текстуални полиња поради бирање на фото услугите
  7. Клиентот внесува број на фотографи кои му се потребни
  8. Клиентот внесува времетраење на фотосесијата
  9. Клиентот внесува локација на фотосесијата
  10. Клиентот внесува тип на фотосесија (дали е конференција, приватна фотосесија, свадба, журка, концерт и слично)
  11. Клиентот внесува свој краен рок за испорака на фотографиите
  12. Системот ги валидира внесените податоци и проверува дали некое од задолжителните полиња стои празно и непополнето
  13. Системот вади преглед на внесените податоци за да може клиентот да ги прегледа пред испраќање на барање за фотосесијата
  14. Клиентот се согласува со внесените податоци и клика за потврдување на барањето
  15. Системот проверува дали клиентот е најавен на сајтот за да може да се продолжи резервацијата на фотосесија
  16. Системот прави груба проценка за цена на фотосесијата со листа на достапни фотографи и нивните тарифи
  17. Клиентот бира од листата на достапни фотографи во зависност од неговиот буџет
  18. Финално потврдување од страна на клиентот
  19. Системот испраќа мејл за потврда со наведените информации
  20. Клиентот добива мејл со направеното закажување
  21. Соодветниот фотограф избран според листата добива мејл и форма за потврда за ново закажување
  22. Фотографот го контактира клиентот телефон за финална потврда, и собира дополнителни информации ако има
  23. Фотосесијата е закажана

АЛТЕРНАТИВНИ ТЕКОВИ:

12А. Системот ги валидира внесените податоци и го известува клиентот за нецелосна форма, невнесени задолжителни полиња и чека клиентот да ги внесе невнесените податоци или да ги поправи податоците со грешки. (враќа на чекор 6)

12Б. Според претходно одредени органичување (од физичка и од техничка природа) се врши и проверка на вредностите кои се внесени во полињата. Во одредени екстремни случаеви, можат да бидат внесени и вредности кои не се физички возможни да се извршат, независно дали за време на самата фотосесија или пак по завршувањето на настанот. Тука се воведува дополнителна валидација, со разгранување на неколку услови во позадинско кодирање, за валидност на податоците. (враќа на чекор 6)

15А. При овој чекор се извршува проверка од страна на системот дали корисникот е најавен за да може да се направи резервацијата. Резервација за тој клиент се врши со веќе познатите негови лични податоци (на клиентот), кои се чуваат во базата на податоци во системот.


ПОСТ-УСЛОВИ:

  1. Клиентот има закажано фотосесија
  2. Се додава уште еден запис во листата на фотосесии
  3. Фотографот има уште еден ден работа

Note: See TracWiki for help on using the wiki.