'''ИЗБОР НА СОФТВЕРСКО РЕШЕНИЕ''' ''Потребно е да најдете, анализирате и тестирате неколку различни софтверски решенија и од нив да изберете едно софтверско решение кое најдобро од сите ги задоволува побарувањата кои ги дефиниравте во текот на претходните задачи. Кога ќе кажеме софтверско решение, не се мисли на тоа некој друг да си поседува некаков софтвер и вие да го презентирате неговиот софтвер што тој си го користи, ниту софтвер кој некој друг ви го хостира некаде, а вие не можете да го хостирате самите. Мора да биде софтвер кој може да се купи/преземе/постави/инсталира/хостира кај вас и да стане ваша сопственост по поставувањето и да може да го користите кога сакате и колку сакате без друг да ве ограничува. Информациски систем на едно претпријатие/институција може да живее и 30 години, не би сакале 30 години да бидете зависни од волјата на една хостинг компанија. Значи "cloud" решенија не доаѓаат предвид, освен ако решението не е такво да можете да си го инсталирате на друг (ваш сопствен) облак. Откако ќе го најдете и разгледате, потребно е да направите тест инсталација во која ќе внесете демо податоци како за вашиот проект - измислени реални примери од евентуалното идно секојдневно користење за потребите за вашиот проект. Треба да подготвите презентација (слајдови/видео) кои го демонстрираат користењето на тој софтвер и внесените примери. Треба да имате и спремно и демо околина да покажете во живо како функционира. Документацијата се испраќа во рамките на оваа задача како стандарден документ, од само еден од членовите на тимот, треба да ги содржи следните делови/дискусии: Членови на тимот со сите генералии Разгледувани решенија (краток опис на сите разгледани решенија, споредба и резиме кој е најсоодветен избор) Опис на избрано решение (главни функционалности, архитектура, системски побарувања, лиценца, рамковна цена) Мини упатство за инсталација или пристап до демо (лог на направени чекори за истото) Адреса на која е поставена презентацијата Исполнетост на побарувањата (проценка колкав дел од побарувањата use-case по use-case ќе биде исполнет, кои се најважните побарувања кои ова решение не ги исполнува и треба да се развијат делумно или во целост) Какви можности има за прилагодување на решението Повеќејазичност (особено македонски и албански) Поврзување со други системи за пренос на податоци Поврзување со други системи за автентикација Опционални модули за дополнителни функционалности (каква технологија се користи за развој на истите со цел исполнување на сите побарувања) Демо презентација во вид на слајдови или screencast Потребно е да се прикажат најважните делови од софтверот кои ги овозможуваат основните побарани функционалности Внимавајте на големините на датотеките (препорачливо е да е само една датотека) Ваквите документи во блиска иднина ќе бидат објавени за употреба од идни студенти и заинтересирани за вакви решенија во рамките на страниците на предметот.'' ---- asdasdasd