Changes between Version 2 and Version 3 of AboutProject


Ignore:
Timestamp:
04/22/26 23:32:51 (10 days ago)
Author:
233248
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • AboutProject

    v2 v3  
    1010
    1111== Краток опис на проектот
     12
     13Оваа база на податоци претставува релационен модел наменет за функционирање на банкарски систем, со фокус на интегрирано управување со кориснички, организациски и финансиски податоци. Во неа се моделирани основните ентитети како банки, филијали, клиенти и вработени, при што секој корисник може да има дефинирани улоги и привилегии преку посебен систем за контрола на пристап. Базата овозможува евиденција и управување со банкарски производи и услуги, вклучувајќи сметки, кредити, депозити и картички, како и нивните меѓусебни врски. Финансиските активности се следат преку налози и трансакции, што овозможува прецизна евиденција на паричните текови.
     14
     15
     16== Детален опис на проектот
     17
     18
     19Проектот претставува релациона база на податоци за банкарски систем која овозможува централизирано управување со сите клучни аспекти на банкарското работење. Во системот се чуваат податоци за банки, филијали, клиенти, вработени, сметки, кредити, депозити, картички и трансакции. Преку добро дефинирани релации и ограничувања се обезбедува интегритет и конзистентност на податоците. Системот исто така поддржува управување со корисници, улоги и привилегии, што овозможува сигурен пристап до податоците. Дополнително, се чуваат историски информации за одредени ентитети, што овозможува следење на промени со тек на време.
     20
     21
     22
     23'''За кого е наменета базата на податоци и проектот, односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?'''
     24Базата на податоци и апликацијата се наменети за банка како институција, која ќе биде сопственик и администратор на системот. Банката има потреба од сигурен, стабилен и ефикасен систем за управување со голем број на финансиски податоци и операции. Овој систем ќе ѝ овозможи да ги автоматизира своите процеси, да го подобри квалитетот на услугите и да обезбеди поголема сигурност на податоците.
     25
     26
     27
     28'''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?'''
     29Со овој систем се решава проблемот со податоци што се чуваат на повеќе места и често не се усогласени, како и грешки што настануваат при рачно внесување и обработка на банкарски работи. Сè е ставено во една централизирана база, па податоците се поточни и побезбедни, а пристапот е подобро контролиран. Исто така, им го олеснува електронското банкарство на клиентите, бидејќи лесно и брзо можат да си ги гледаат сметките, трансакциите и кредитите преку веб апликација.
     30
     31
     32
     33'''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?'''
     34Пристап до системот имаат различни типови на корисници. Администраторите управуваат со системот, корисниците и нивните привилегии. Вработените во банката имаат пристап до функционалности за внес и обработка на податоци, како отворање сметки, одобрување кредити и извршување трансакции. Клиентите, пак, имаат ограничен пристап, најчесто за преглед на сопствени информации како состојба на сметка, трансакции и кредити.
     35
     36
     37
     38'''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?'''
     39Иако веќе постојат готови банкарски системи во светот, нашиот предлог е фокусиран на едноставен и јасно структуриран релациски модел кој ги опфаќа сите основни банкарски процеси (сметки, клиенти, кредити, трансакции) во една централизирана база. Разликата е што системот е направен како поедноставена, поефикасна верзија која лесно може да се разбере и проширува, со јасно дефинирани релации и контрола на пристап.
     40
     41
     42
     43'''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?'''
     44Системот е најсоодветен за имплементација како веб апликација, што овозможува лесен пристап преку интернет и централизирано управување.
     45
     46
     47
     48