| | 84 | Овој поглед ќе '''се користи''' како трансакционен лог во банкарскиот систем. Преку него се прикажуваат деталите за трансакцијата, износот, датумот, сметката на испраќачот, сметката на примачот, како и името и презимето на клиентот кој испраќа и клиентот кој прима средства. Овој поглед е важен бидејќи трансакциите се една од најчесто користените функционалности во системот. |
| | 85 | |
| | 86 | |
| | 87 | Иницијалното време за извршување на операциите без дополнителен индекс е значително поголемо од претходните погледи. При UPDATE операција врз табелата transakcija, со филтер според smetka_isprakjac_id, времето изнесува околу 1 s 338 ms, односно 1 s 403 ms. Ова време не е прифатливо во споредба со претходните погледи, каде времињата беа во милисекунди. Поради тоа, за овој поглед има потреба од оптимизација. |
| | 88 | |
| | 89 | |
| | 90 | Од графичкиот план на извршување може да се забележи дека најбавната операција е Full Scan / Seq Scan на табелата transakcija. Тоа значи дека PostgreSQL ја пребарува целата табела transakcija за да ги пронајде редовите каде што smetka_isprakjac_id = 10000. Бидејќи трансакциите се табела која може да има многу голем број редови, ваквото целосно скенирање создава забавување. Ова покажува дека колоната smetka_isprakjac_id е добар кандидат за индексирање, бидејќи директно се користи во WHERE условот. Дополнително, бидејќи погледот може да се пребарува и според примачот, потребен е и индекс на smetka_primac_id. |
| | 91 | |
| | 92 | |
| | 93 | По индексирањето, прашалникот враќа 240 редови, а execution времето изнесува 32 ms. Вкупното време прикажано е 404 ms, но од тоа 372 ms се однесуваат на fetching, односно преземање и прикажување на резултатите. Затоа како релевантно време за базата се зема execution времето од 32 ms. |
| | 94 | |
| | 95 | |
| | 96 | Времето за UPDATE и INSERT операциите по индексирањето исто така е прифатливо. По креирањето на индексите, UPDATE операцијата врз табелата transakcija се извршува за 6 ms и INSERT за 2ms. |
| | 97 | |
| | 98 | |
| | 99 | |
| | 100 | |
| | 101 | |
| | 102 | |
| | 103 | |
| | 104 | |