Version 2 (modified by 4 years ago) ( diff ) | ,
---|
About
Наслов на проектот:
Digital Book House
Членови на тимот:
Ариан Џумкар 145008
Краток опис на проектот:
Веб страна која служи за поврзување на читателот со различни онлајн библиотеки (наши клиенти) од целата земја и изнајмување на различни книги. Ќе овозможува ново и оптимално решение на изнајмување на книги онлајн. Страницата ќе биде поврзана со различни онлајн библиотеки. Целта е полесно пребарување на различни услуги кои ги нудат библиотеките, всушност да делува како посредник на читателите со библиотеки. Ќе нуди пребарување по книга, автор, категорија, издавач и резултатите на пребарувањето ќе зависат од кои книги, автори, категории и издавачи нудат секоја од библиотеките. Посетителите на страницата ќе имаат можност да се зачленат на страницата. Целта на зачленувањето е да можат да се вршат резервации на книги онлајн. Посетителите кои нема да се членови ќе имаат можност само да прават пребарување од библиотеките. Секоја книга и автор ќе имаат простор за коментари од страна на членот. Секоја резервација ќе содржи датум од кога до кога ќе биде позајмена книгата. Секоја позајмица ќе биде ажурирана. Библиотекарот(админ) на секоја библиотека посебно ќе биде задолжен да ја потврдува резервацијата која ќе биде направена од страна на членот. За успешната резервација ќе биде извршена позајмица во самата библиотека во одреден временски период.
Детален опис на проектот:
Веб страна која служи за поврзување на читателот со различни онлајн библиотеки (наши клиенти) од целата земја и изнајмување на различни книги. Ќе овозможува ново и оптимално решение на изнајмување на книги онлајн. Страницата ќе биде поврзана со различни онлајн библиотеки. Целта е полесно пребарување на различни услуги кои ги нудат библиотеките, всушност да делува како посредник на читателите со библиотеки. Ќе нуди пребарување по книга, автор, категорија, издавач и резултатите на пребарувањето ќе зависат од кои книги, автори, категории и издавачи нудат секоја од библиотеките. Посетителите на страницата ќе имаат можност да се зачленат на страницата. Целта на зачленувањето е да можат да се вршат резервации на книги онлајн. Посетителите кои нема да се членови ќе имаат можност само да прават пребарување од библиотеките. Секоја книга и автор ќе имаат простор за коментари од страна на членот. Секоја резервација ќе содржи датум од кога до кога ќе биде позајмена книгата. Секоја позајмица ќе биде ажурирана. Библиотекарот(админ) на секоја библиотека посебно ќе биде задолжен да ја потврдува резервацијата која ќе биде направена од страна на членот. За успешната резервација ќе биде извршена позајмица во самата библиотека во одреден временски период. Секоја Книга ќе има Инстанца од Книга која ќе биде имплементирана со сериски код за да може секоја книга да се разликува од друга дали е тоа од иста Библиотека или не, секоја Инстанца од Книга е уникатна. Инстанца од Книга исто така ќе има атрибут статус кој ќе покажува дали таа Инстанца од Книга е слободна или не (дали е моментално Позајмен или не е). Позајмица исто така ќе има атрибут статус кој ќе покажува моменталната состојба на некоја Позајмица, дали уште трае или не е почнато или е завршено (ќе се користи за по детална информација за сите Позајмици кои се направени). Резервација исто така ќе има атрибут статус кој ќе покажува на моменталната состојба на некоја Резервација, дали таа Резервација е валидна или е потврдена.
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:
Базата на податоци и апликацијата се наменети за културна и образовна надоградба, па затоа по моја замисла проектот треба да се обезбедува како сервис од некоја културна и образовна институција доколку има компетенции и ресурси за тоа и исто така од поединец кој би можел да менаџира со тоа. Нивните потреби се образован кадар за менаџирање со базата на податоци и апликацијата, соодветна опрема за работа, работен простор, финансиски извори и маркетинг.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Страницава ќе го решава проблемот на поединечно пребарување низ онлајн библиотеки. Целта е сите библиотеки да се во едно. Нема да се троши време на одење по библиотеки во кои не е достапна бараната книга, заради тоа нашата апликација ќе се погрижи да знаете во која библиотека, на која локација може да ја најдете посакуваната книга.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Во државата не постои такво решение, све во едно место со централизиран менаџмент. Доброто е што клиентите пред сé ќе можат да ги видат книгите, авторите, категориите пред да се зачленат на страницата. А потоа ќе имаат можност да имаат брзо достапна глобална библиотека.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Во апликацијата ќе постојат 2 типа на корисници. Едниот тип се љубителите на книги(users) а вториот тип се библиотекарите(admins).
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Веб апликација