wiki:About

Version 2 (modified by 211228, 6 weeks ago) ( diff )

--

Dorm Room Allocation System

Краток опис на проектот

Овој проект ќе биде решение за еден од најголемите проблеми кај студентите - запишување во студентските домови. За таа цел овој систем ќе овозможи целиот процес да се извршува online, и да се намалат гужвите и чекањето во долгите редови.
Секој студент при аплицирање за престој во домот, ќе може со најава на системот (преку својата веќе постоечкa email адреса од сајтот на e-uslugi) да ги прикачи своите документи каде ќе бидат наведени бројот на собата и дали има цимер/ка или дозволува домот по случаен избор да го смести со друг студент. Вработениот кој е задолжен за преглед на документите, исто така ќе се логира на системот каде ќе изврши детална проверка на апликацијата и ќе врати назад одговор на студентот прифатена или одбиена аплиација. Доколку студентот добие статус дека неговата апликација е прифатена, ќе се чуваат податоци за датум кога студентот ја зел и напуштил собата, број и капацитет на истата. За секоја соба дополнително се чува и во кој блок се наоѓа.
Овој систем исто така ќе му овозможи на студентот (кој не е ослободен од партиципација) да извршува месечни плаќања на членарини за домот. За секое плаќање ќе бидат внесени id-то на студентот, сумата и месецот за кој се врши уплата.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Базата на податоци и апликацијата ќе биде наменета за државни универзитети или образовни институции кои управуваат со студентските домови. Овие институции ќе бидат одговорни за поседувањето на базата на податоци и апликацијата, како и за обезбедување на услугите за студентите.Универзитетите и домските управи имаат потреба од автоматизирање на процесот за аплицирање, доделување и управување со собите за да ги намалат грешките при рачно обработување на податоци. истемот треба да обезбеди пристап за студентите и административниот персонал да можат лесно да аплицираат, прегледуваат и одобруваат документи од било кое место.Како и олеснување на процесот за плаќање и евидентирање на уплатите

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Со изработката на овој систем ќе се решат следниве проблеми кои моментално постојат во организациите што управуваат со студентски домови:

  • Моменталниот начин за земање на соба и приложување на потребните документи во студентските домови бара физичко присуство, што резултира со долгo чекање и гужви.

Со онлајн системот, студентите ќе можат да ги поднесат своите документи од далечина, без потреба од физичка посета

  • Рачното прегледување на документите е недоволно ефикасно кога се работи за голема бројка студенти

Автоматизираното внесување, складирање и следење на докумените online значително го забрзува процесот

  • Тешкотии при следење на достапноста на собите, блоковите и капацитетот на домот.

Базата на податоци ќе овозможи прецизен преглед на слободните или зафатените соби во реално време.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Корисниците кои ќе имаат пристап до апликацијата се студентите и вработените во домот

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Уникатен е по тоа што е дефиниран на потребите за студентските домови конкретно за Република Македонија, а не универзално.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација со можност за проширување кон мобилна апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.