| Version 6 (modified by , 10 days ago) ( diff ) |
|---|
ElectionsDB
Започнат: Март 2026
Ментор: проф. д-р Горан Велинов, асистент Ненад Анчев
Членови на тим:
| Име и презиме | Индекс | Улога |
|---|---|---|
| Луна Аритон | 231071 | Координатор |
| Ива Ѓеорѓиевска | 231041 | Член на тимот |
| Александар Милков | 231066 | Член на тимот |
Курс: Напредни бази на податоци 2025/2026/Летен
Краток опис на проектот
ElectionsDB претставува платформа за евиденција и администрација на изборни процеси. Проектот е фокусиран исклучиво на управување со изборни податоци, во стил на институции како Државната изборна комисија.
Базата е изградена како генеричко и скалабилно решение кое може да се примени за било каков тип на избори, во било која земја или регион.
Системот складира структурирани податоци во неколку клучни области: лица, гласачи и кандидати; политички партии, коалиции и лидери на партии; избори и типови на избори, со поддршка за различни методи на одредување победник и изборни циклуси; региони, изборни единици и гласачки места; и изборни резултати, евидентирани преку гласачки ливчиња, листи на кандидати и збирни резултати по гласачко место.
Базата е дизајнирана да поддржува повеќе изборни циклуси и да се проширува во иднина. Благодарение на генеричката архитектура, системот може да се користи за парламентарни, претседателски, локални или кој било друг вид избори, без разлика на географскиот контекст.
Главната цел е да се обезбеди добро нормализирана, ефикасна и флексибилна база на податоци погодна за управување, пребарување и анализа на изборни податоци.
Документација
| Фаза | Име на фаза | Статус | Датум |
|---|---|---|---|
| Ф0 | Дефинирање на проектот | Завршено | |
| Ф1 | Релационен модел - ЕР дијаграм | Завршено | |
| Ф2 | Креирање и пополнување на база на податоци (DDL, DML) | Започнато | |
| Ф3 | Оптимизација на прашалници и погледи | Не е започнато | |
| Ф4 | Функции, процедури, тригери | Не е започнато | |
| Ф5 | Напредни теми | Не е започнато |
Attachments (1)
- logo.png (214.2 KB ) - added by 10 days ago.
Download all attachments as: .zip
