== Прототип апликација https://finkiukim-my.sharepoint.com/personal/vangel_ajanovski_finki_ukim_mk/_layouts/15/onedrive.aspx?ga=1&id=%2Fpersonal%2Fvangel%5Fajanovski%5Ffinki%5Fukim%5Fmk%2FDocuments%2FDB%2F2022%2D2023%2DZ%2FProektniPrezentacii%2FEatys%2Emp4&parent=%2Fpersonal%2Fvangel%5Fajanovski%5Ffinki%5Fukim%5Fmk%2FDocuments%2FDB%2F2022%2D2023%2DZ%2FProektniPrezentacii == Насоки за користење на апликацијата и финална имплементација на обработени функционалности == Апликацијата е предвидена да се користи од 2 типа на корисници: 1) **//Купувачи//**, кои имаат можност да креираат профил, да гледаат од кои ресторани се нуди храна за достава, менијата на рестораните, како и оброците од кои се состојат истите. Доколку не сакаат купувачите да нарачаат храна, тие имаат можност да направат резервација во некој од понудените ресторани. 2) **//Администратори//**, кои ги имаат истите можности како и купувачите, но со привилегии да додаваат, едитираат или бришат ресторани, менија или оброци. И двата типа на корисници можат да пристапат на страната на линкот http://localhost:8080/ или http://localhost:8080/restorani каде што ќе се прикаже почетната страна на апликацијата. Иницијално, корисниците имаат приказ на рестораните кои вршат достава на храна, додека во горниот десен агол има копчиња за регистрација или логирање на корисник. [[Image(Homepage.jpg)]] При клик на копчето за регистрација корисникот ќе биде пренесен на страната за креирање на нов профил. [[Image(Register.jpg)]] Доколку корисник кликне на копчето за логирање, истиот ќе биде пренесен на страната за логирање на претходно регистриран корисник. [[Image(Login.jpg)]] ==== Купувачи При клик на копчето **//Менија//** на корисникот ќе му се вклучи страната каде што ќе може да ги разгледа менијата што ги нудат рестораните. Доколку на оваа страна корисникот кликне на копчето **//Види Оброци//** ќе биде пренасочен кон сите оброци од кои се состои тоа мени. [[Image(Menija.jpg)]] Со кликање на копчето **//Оброци//** ќе биде прикажана страната каде што се наоѓаат сите оброци, без разлика на ресторан или мени. Оттука купувачот ќе може да избира количина на производи што сака да ги пазари и преку копчето **//Додади во кошничка//** ќе бидат додадени во кошничката на корисникот. [[Image(Obroci.jpg)]] Ако корисникот се одлучи дека сака да направи резервација во некој од рестораните тогаш при клик на копчето **//Резервации//** ќе биде пренасочен на страната за креирање резервации. Тука може да ги гледа сите претходно креирани нарачки, а доколку сака да креира нова, тоа може да го стори со клик на копчето **//Креирај нова резервација//**. Со клик на копчето ќе биде пренасочен на страна каде што се пополнуваат податоци за резервацијата. Исто така, купувачот може да ја едитира нарачката или пак да ја избрише. [[Image(Rezervacii.jpg)]] [[Image(KreirajRezervacija.jpg)]] Кога корисникот сака да пристапи до кошничката, истото може да го стори со клик на копчето со икона на количка. Тука ќе бидат излистани сите производи кои биле додадени во кошничката. Доколку корисникот сака да отстрани некој производ истото може да го стори со клик на копчето **//Избриши Оброк//**. На крај, со клик на копчето **//Наплати//** ќе биде пренасочен кон екранот за успешно извршена трансакција и кошничката ќе се испразни. [[Image(ShoppingCart.jpg)]] [[Image(Payment.jpg)]] ==== Администратори Страните за приказ на рестораните, менијата, оброците и резервациите се исти како и кај купувачите, но админите имаат пристап до копчиња за CRUD операции (можат да креираат, едитираат или бришат ресторани, менија, оброци или резервации). Страна за приказ на ресторани со администраторски привилегии: [[Image(AdminHomePage.jpg)]] Страна за приказ на менија со администраторски привилегии: [[Image(AdminMenija.jpg)]] Страна за приказ на оброци со администраторски привилегии: [[Image(AdminObroci.jpg)]] Страна за приказ на резервации со администраторски привилегии: [[Image(AdminRezervacii.jpg)]]