wiki:UseCaseImplementations

Version 5 (modified by 191041, 21 months ago) ( diff )

--

Насоки за користење на апликацијата и финална имплементација на обработени функционалности

Апликацијата е предвидена да се користи од 2 типа на корисници:

1) Купувачи, кои имаат можност да креираат профил, да гледаат од кои ресторани се нуди храна за достава, менијата на рестораните, како и оброците од кои се состојат истите. Доколку не сакаат купувачите да нарачаат храна, тие имаат можност да направат резервација во некој од понудените ресторани.

2) Администратори, кои ги имаат истите можности како и купувачите, но со привилегии да додаваат, едитираат или бришат ресторани, менија или оброци.

И двата типа на корисници можат да пристапат на страната на линкот http://localhost:8080/ или http://localhost:8080/restorani каде што ќе се прикаже почетната страна на апликацијата. Иницијално, корисниците имаат приказ на рестораните кои вршат достава на храна, додека во горниот десен агол има копчиња за регистрација или логирање на корисник.

При клик на копчето за регистрација корисникот ќе биде пренесен на страната за креирање на нов профил.

Доколку корисник кликне на копчето за логирање, истиот ќе биде пренесен на страната за логирање на претходно регистриран корисник.

Attachments (13)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.