Version 4 (modified by 2 years ago) ( diff ) | ,
---|
Eatys
Систем за правење онлајн нарачки и резервации на храна
Започнат: ноември 2022
Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски
Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев
Краток опис на проектот
Eaty’s е систем на кој се поврзани сите ресторани во одреден регион. На системот се прикажува локацијата на рестораните заедно со менито, рејтингот, телефонскиот број и e-mail. Профил може да се креира за купувач, менаџер на ресторан, доставувач, менаџер на платформа за достава и системски администратор.
Нарачка може да изврши секој купувач. Нарачката се состои од следниве атрибути: ID на нарачката, време на нарачка, статус и цена.
- За секој корисник се чува корисничко име, лозинка, име, презиме и телефонски број.
- За секој доставувач се чува дополнително листа на нарачки кои треба да се извршат и состојбата за нив.
- За секој менаџер на платформа се чува и состојбата на нарачките.
Системскиот администаратор ќе има целосни привилегии на системот и ќе биде одговорен за базата на податоци. Доколку корисниците сакаат да посетат некоја од понудените локации може да го извршат истото преку креирање на резервација во посакуваната локација. За секоја резервација се чува терминот и бројот на луѓе кои ќе присуствуваат. За секој ресторан може да се погледне менито што го нудат. На секое мени стои името на храната, заедно со цената (која може да биде со или без акции) и типот на истата.
Starting Points
- TracGuide -- Built-in Documentation
- The Trac project -- Trac Open Source Project
- Trac FAQ -- Frequently Asked Questions
- TracSupport -- Trac Support
For a complete list of local wiki pages, see TitleIndex.
Attachments (1)
- logo.png (6.1 KB ) - added by 2 years ago.
Download all attachments as: .zip