db_202122z_va_prj_educatum

Презентација на развиен софтвер

Проект: Educatum - Систем за учење и евиденција на ученици

Членови на тимот:

Предмет: Бази на податоци - 2021/2022/Зимски семестар.
Предметен наставник: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски.
Вежби водени од демонстратор: м-р Ненад Анчев.

Апстракт

Веб апликација која овозможува пребарување и пристап до наставници кои држат приватни часови и нивно поврзување со учениците. Целта е да им се помогне на учениците да ги совладаат посакуваните знаења со избор на наставник по желба, додека пак на наставниците им е овозможена полесна евиденција на нивните ученици и еден вид на маркетинг. Доколку корисникот се регистрира како наставник, избира еден или повеќе предмети кои сака и е квалификуван да ги предава. По регистрацијата следува пристап до алатки кои му овозможуваат водење на евиденција (во која спаѓа и плаќањето) за секој негов ученик со ID, име, презиме, телефонски број, e-mail и слично. Секој наставник ќе може да гледа и распоред со термини. Предметите се од различни области. Доколку предметот не постои во системот, истиот може да биде додаден. Дел од атрибутите на предметот се ID и име. Ученикот по регистрацијата бира предмет, по што следува листа од сите наставници на предметот, прикажани со детални информации и контакт. Целата координација и менаџмент со системот ќе биде одговорност на администраторот.

Архитектура

Java | SDK 16.0.2 | Spring Boot - open-source Java framework кој со помош на неговите бројни корисни библиотеки и карактеристики од типот на Inversion of Control (Dependency Injection), Apache Tomcat Container-от, менаџирање на POM зависности (pom.xml фајлот) и многу други, ни го олеснува развојот на веб апликации.
Дополнително: Maven build automation tool, JPA Buddy plugin за генерирање на моделите, MVC design pattern, CRUD операции

Слоеви:

Дизајн на базата (ERD)

На сликата е претставен финалниот ЕР дијаграм за изработената база на податоци

Имплементирана релациска шема (RD)

На сликата е претставен финалниот дијаграм на изработената релациска шема на базата на податоци

Екран 1: Почетна страна на апликацијата

Приказ на почетната страна на апликацијата
Почетна страна

Екран 2: Регистрација на наставник

Корисникот ја селектира radio-button опцијата „Наставник“
Регистрација на наставник

Екран 3: Додавање на предмет во листата со предмети

Доколку предметот го нема во листата, истиот може да биде додаден
Додавање предмет

Екран 4: Предмет кој наставникот ќе го предава

Избор на предмет и внесување на опис за истиот
Избор на предмет кој наставникот сака да го предава

Екран 5: Прикачување на скениран документ

Наставникот прикачува документ (диплома, сертификат итн.) како доказ
Скениран документ

Екран 6: Информација за успешна регистрација

Профил се уште не е активиран
Информација за успешна регистрација

Екран 7: Обид за најава на наставникот

Внес на e-mail и password
Најава

Екран 8: Неактивен профил

Профилот се уште не е активиран и наставникот не може да се најави
Неактивен профил

Екран 9: Администраторот го активира профилот

Притоа корисникот добива известување на e-mail
Листа со наставници

Екран 10: Внес на ученици

По најавата, наставникот внесува ученици на кои ќе им предава
Листа со ученици

Екран 11: Внес на часови

По договор со учениците, закажува и внесува часови
Додавање нов час

Екран 12: Приказ на часови

Часовите се сортирани според датум
Сите часови

Екран 13: Евиденција

Евиденција за плаќање на селектираниот ученик
Евиденција

Екран 14: Внес на слушан час и плаќање

Наставникот внесува час слушан од ученикот
Евиденција

Екран 15: Внес на плаќање

По плаќањето, сумата се ажурира
Евиденција

Екран 16: Администратор - преглед на предмети

Преглед/пребарување/додавање/бришење на предмети
Предмети - админ

Екран 17: Администратор - преглед на ученици

Преглед/пребарување/бришење на ученици
Ученици - админ

Екран 18: Регистрација на ученик

Корисникот ја селектира radio-button опцијата „Ученик“
Ученици - регистрација

Екран 19: Селекција на предмет

Предмети за коишто ученикот бара приватни часови
Предмети

Екран 20: Приказ на наставници по избраниот предмет

Приказ на наставници по избраниот предмет со име и презиме
Наставници

Екран 20: Контакт информации за наставникот

Контакт информации со можност за оставање рејтинг
Контакт

Улоги на членовите на тимот

Членови на тимот:

Членовите на тимот имаа подеднаква улога во однос на изработката на сите фази од проектот.

Дополнителни информации

Изворниот код е достапен тука