| Version 2 (modified by , 4 days ago) ( diff ) |
|---|
Фаза 2: DDL, податоци, погледи
Оваа фаза опфаќа генерирање на DDL за релациониот модел, полнење на базата со реалистични податоци и креирање на погледи (views) за потребите на апликацијата.
Фаза 2А: DDL и ограничувања
Истакнати ограничувања (Constraints):
- Додадени се проверки за исправност на форматот на email адресите со користење на регуларни изрази:
CHECK (email ~* '^[A-Za-z0-9._%+-]+@[A-Za-z0-9.-]+\.[A-Za-z]{2,}$'). - Поставени се логички ограничувања на ниво на колони, како што се проверка на возраст кај изведувачите
CHECK (date_of_birth <= CURRENT_DATE)и проверка на лимитот за попустCHECK (percent >= 0 AND percent <= 100). - Дефинирани се
DEFAULTвредности ('Anonymous') за корисничките имиња и презимиња во случај на недостаток на внес.
Фаза 2Б: Податоци и погледи
Податоци: Базата е наполнета со реалистични податоци со користење на Python скрипта и Faker библиотека. Големината на табелите го одразува реалното користење на продукциската апликација. Некои од најголемите табели во системот се:
- Табела Ticket: ~8.900.000 редици
- Табела Reservation: ~5.000.000 редици
Погледи (Views): Креирани се погледи кои ги спојуваат клучните табели за приказ во апликацијата. SQL кодот за креирање на овие погледи се наоѓа во базата.
- new_event_ticket_sales_status
- Опис: Овој поглед врши агрегација на продадени билети по настан и сектор. Се користи за генерирање извештаи за пополнетост на капацитетот на објектите.
- new_user_ticket_history
- Опис: Погледот ги поврзува корисниците, резервациите, билетите и настаните за да прикаже детална историја на купени билети, цени и статус на настаните. Клучен е за приказ на корисничкиот профил.
- new_active_events_3_months
- Опис: Погледот служи за брзо дофаќање на сите активни настани во наредните 3 месеци и се користи за приказ на претстојните случувања на почетната страна.
Attachments (1)
- R-DIAGRAM DDL FULL.txt (9.6 KB ) - added by 4 days ago.
Download all attachments as: .zip
