= About: Event_Tour = **Team members:** Анастасија Николовска - 231507 - координатор[[BR]] Туана Абуш - 231501[[BR]] Теа Русевска - 231056[[BR]] **Short description:** Проектот претставува информатички систем за централизирано организирање на јавни настани и управување со продажба на билети. Наменет е за концерти, спортски натпревари, фестивали и културни манифестации, каде што е потребна јасна организација и контрола. Наместо информациите да бидат распределени на повеќе места, сите податоци се чуваат и управуваат во еден систем, што ја зголемува ефикасноста. [[BR]] Системот поддржува различни типови корисници со различни улоги. Организаторите можат да креираат настани со детали како име, опис, категорија, датум и локација, како и да дефинираат типови билети (Regular, VIP, Student) со различни цени и ограничен број. Посетителите можат да пребаруваат и филтрираат настани според повеќе критериуми и да резервираат или купуваат билети преку онлајн плаќање, по што добиваат потврда. По завршување на настаните, корисниците можат да остават оценки, а организаторите добиваат извештаи и статистики за продажба, приход и искористеност на капацитетот. Со тоа, системот го покрива целиот процес: креирање, продажба, евиденција и анализа на настаните. [[BR]] [[BR]] **Detailed description of the project:** Проектот претставува глобална веб платформа за централизирано управување со јавни настани и продажба на билети. Системот ги обединува сите клучни процеси креирање и управување со настани, дефинирање и контрола на билети, евиденција на трансакции и анализа на резултати. Платформата е дизајнирана да поддржи голем број на корисници и настани паралелно, со фокус на ефикасност, прегледност и сигурност на податоците. Базата на податоци и апликацијата се во сопственост на глобална компанија која нуди ticketing услуги како сервис за различни организации и организатори на настани. Нивната потреба е стабилен и скалабилен систем што ќе овозможи управување со голем обем на податоци, корисници и трансакции, како и јасна распределба на улоги. Со овој систем се решаваат проблеми како неорганизирани и децентрализирани податоци, рачна обработка на билети, недоволна контрола врз капацитетите и ограничени можности за анализа. Дополнително, се подобрува координацијата помеѓу различни тимови и се намалуваат грешките при работа. Типови на корисници се: event администратори (кои креираат и менаџираат настани), ticket администратори (кои дефинираат типови билети, цени и достапност) и клиенти/посетители (кои пребаруваат и купуваат билети). Постојат слични решенија како mkTickets на локално ниво и Eventbrite на глобално ниво, предложениот систем се издвојува по својата флексибилна организација на улоги и можноста повеќе администратори (event и ticket администратори) истовремено да управуваат со различни аспекти од исти настани. Дополнително, акцентот е ставен на прецизно моделирање на базата на податоци и поддршка на комплексни релации, како распределба на билети, следење на капацитети и детална аналитика за продажба и перформанси. Апликацијата е реализирана како веб платформа, што овозможува пристап преку интернет без потреба од инсталација. Ова им овозможува на организаторите и клиентите лесно користење од било кој уред со прелистувач, додека одржувањето и ажурирањата се вршат централизирано и без дополнителни трошоци за крајните корисници.