wiki:Izvestai

Version 1 (modified by 211101, 5 weeks ago) ( diff )

--

Извештаи

Актери: Најавен корисник

  1. Корисникот пристапува до табот "Извештаи" од главното мени на апликацијата
  2. Се прикажува интерактивна страница со опции за избор на типот на извештај:
    • Годишен извештај
    • Месечен извештај
    • Извештај по тагови
    • Извештај по сметки
    • Трендови на потрошувачка
  3. Корисникот избира тип на извештај и според тоа се пренасочува кон страница за тој извештај
Годишен извештај
  • Корисникот избира "Годишен извештај" и потоа одбира година од dropdown мени
  • Апликацијата прикажува пита дијаграм со распределба на трошоците по тагови за избраната година
  • Дополнително, се прикажува график на времеплов (line chart) кој ги покажува вкупните месечни трошоци за секој месец од годината
Месечен извештај
  • Корисникот избира "Месечен извештај" и потоа одбира месец и година од два dropdown менија
  • Апликацијата прикажува пита дијаграм со трошоците по тагови за избраниот месец
  • Дополнително, се прикажува график на времеплов (line chart) кој ги прикажува дневните трошоци во месецот
Извештај по тагови
  • Корисникот избира "Извештај по тагови" и одбира еден или повеќе тагови од листа
  • Апликацијата прикажува пита дијаграм кој ги содржи сите избрани тагови
  • Под графикот се покажуваат вкупните трошоци за секој избран таг, подредени хронолошки
Извештај по сметки
  • Корисникот избира "Извештај по сметки" и одбира сметка од листата
  • Апликацијата прикажува график на времеплов (line chart) сите приходи и расходи за избраната сметка
  • Апликацијата прикажува листа која ги покажува сите приходи и расходи за избраната сметка под графикот
Трендови на потрошувачка
  • Корисникот избира "Трендови на потрошувачка" и времетраење (година, месец, или недела)
  • Апликацијата прикажува график кој ги споредува трендовите на трошоците за секој период (на пр. потрошувачка за јануари 2023 наспроти јануари 2024)
Note: See TracWiki for help on using the wiki.