= FEiN = == Краток опис Веќе некое време управувам со моите **финансии** во //Google Sheets//, каде што со тек на време направив **//налик-апликација//**, со доста функции за анализа на тие податоци. Начинот на кој управувам со мојот буџет и финансии е така што секојдневно **//внесувам трансакции//** кои со неколку __полиња__ ги **//полнат/празнат полињата//** кои покажуваат на која **//сметка(трансакциски, кредитни, кеш, девизни)** колку преостанало, колку е потрошено од истата и вкупно//. Исто го променуваат **//графикот на потрошувачка//** и //статистиките колку просечно сум истрошил во месецот, колку последните три дена и колку ми останува просечно да трошам на ден до крај на месецот//. Исто така имам и **//категории//** кои ги доделувам //рачно// на секоја трансакција кои подоцна полнат доделени нивни полиња, собирајќи и кажувајќи колку имам **//потрошено по категорија//**. Тие информации подоцна служат за **//креирање на графици за визуелна анализа на потрошеното//**. Цел овој систем добро ме служи но станува малце заморно да се внесуваат трансакциите рачно, притоа запазувајќи го форматот кој сам сум си го креирал и пазење да се внесат таговите и датите без синтаксички грешки, кои во почетокот беа подложни на човечки грешки, но остануваат и до ден денес. Со креирање на **овој систем** сакам да го **решам** првично тој **проблем**, __доведување на човечката грешка на минимум и намалување на времето за внесување на трансакциите__. Подоцна овој систем би овозможил полесно предавање на податоците во модел за машинско учење кој би предвидувал и проектирал информации околу личната потрошувачка... Системот го замислувам во форма на мобилна апликација која има централна датабаза до која пристапува секој индивидуален корисник преку неговата сметка. **FEiN** е име кое на модерен начин го испишува изговорот на зборот Fin кој означува финансирање, но не обично, туку Fine-Tuned, кој збор исто така може да се испише на таков модерен начин. **FEiN** __исто така е и сленг збор во англискиот јазик кој означува голема желба/зависност. Така планирам мојот систем да стане дел од секојдневието, да створи зависност кај луѓето да си го менаџираат буџетот...__ == Изработува ||=Име и презиме=||=Индекс=|| ||Василаки Тоцили||211101|| Предмет:: Бази на податоци во 2024/2025 зимски семестар[[BR]] Под менторство на:: проф. д-р Вангел Ајановски == Фази на изработка ||=Фаза=||=Име на фаза=||=Статус=|| ||=Ф0=||[wiki:About Дефинирање на проектот]|| [[span(style=color: orange, Почната )]] || ||=Ф1=||[wiki:ERModel Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања]|| [[span(style=color: orange, Почната )]] || ||=Ф2=||[wiki:RelationalDesign Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL)]|| [[span(style=color: orange, Почната )]] || ||=Ф3=||[wiki:UseCaseModel Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи]|| [[span(style=color: gray, Не е започната)]] || ||=Ф4=||[wiki:AdvancedReports Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)]|| [[span(style=color: gray, Не е започната)]] || ||=Ф5=||[wiki:PrototypeApplication Прототип апликација - Основни функционалности]|| [[span(style=color: gray, Не е започната)]] || ||=Ф6=||[wiki:Normalization Нормализација и подобрување на дизајнот]|| [[span(style=color: gray, Не е започната)]] || ||=Ф7=||[wiki:AditionalApplicationDevelopment Напреден апликативен развој]|| [[span(style=color: gray, Не е започната)]] ||