wiki:WikiStart

Version 4 (modified by 211101, 7 days ago) ( diff )

--

FEiN

Краток опис

Веќе некое време управувам со моите финансии во Google Sheets, каде што со тек на време направив налик-апликација, со доста функции за анализа на тие податоци.

Начинот на кој управувам со мојот буџет и финансии е така што секојдневно внесувам трансакции кои со неколку полиња ги полнат/празнат полињата кои покажуваат на која сметка(трансакциски, кредитни, кеш, девизни) колку преостанало, колку е потрошено од истата и вкупно. Исто го променуваат графикот на потрошувачка и статистиките колку просечно сум истрошил во месецот, колку последните три дена и колку ми останува просечно да трошам на ден до крај на месецот. Исто така имам и категории кои ги доделувам рачно на секоја трансакција кои подоцна полнат доделени нивни полиња, собирајќи и кажувајќи колку имам потрошено по категорија. Тие информации подоцна служат за креирање на графици за визуелна анализа на потрошеното.

Цел овој систем добро ме служи но станува малце заморно да се внесуваат трансакциите рачно, притоа запазувајќи го форматот кој сам сум си го креирал и пазење да се внесат таговите и датите без синтаксички грешки, кои во почетокот беа подложни на човечки грешки, но остануваат и до ден денес.

Со креирање на овој систем сакам да го решам првично тој проблем, доведување на човечката грешка на минимум и намалување на времето за внесување на трансакциите. Подоцна овој систем би овозможил полесно предавање на податоците во модел за машинско учење кој би предвидувал и проектирал информации околу личната потрошувачка...

Системот го замислувам во форма на мобилна апликација која има централна датабаза до која пристапува секој индивидуален корисник преку неговата сметка.

FEiN е име кое на модерен начин го испишува изговорот на зборот Fin кој означува финансирање, но не обично, туку Fine-Tuned, кој збор исто така може да се испише на таков модерен начин. FEiN исто така е и сленг збор во англискиот јазик кој означува голема желба/зависност. Така планирам мојот систем да стане дел од секојдневието, да створи зависност кај луѓето да си го менаџираат буџетот...

Изработува

Име и презимеИндекс
Василаки Тоцили211101
Предмет
Бази на податоци во 2024/2025 зимски семестар
Под менторство на
проф. д-р Вангел Ајановски

Фази на изработка

ФазаИме на фазаСтатус
Ф0Дефинирање на проектот Одобрена
Ф1Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрена
Ф2Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Почната
Ф3Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Не е започната
Ф4Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Не е започната
Ф5Прототип апликација - Основни функционалности Не е започната
Ф6Нормализација и подобрување на дизајнот Не е започната
Ф7Напреден апликативен развој Не е започната

Attachments (2)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.