== FLMS === Членови на тимот: * Димитриј Котевски (231270) - Координатор * Љубомир Николов (213164) * Кирил Гурeв (191114) === Краток опис Проектот FLMS е замислен да биде веб платформа создадена да ја замени хартиената евиденција и да ја направи администрацијата на фудбалските лиги побрза, поточна и полесна. Преку него менаџерите на лигите, клубовите и навивачите можат да го следат натпреварувањето на едно место. Во основата на системот е добро структурирана база на податоци која ги чува податоците за клубовите низ повеќе сезони, самите играчи, главните тренери, судиите и стадионите. Секој натпревар се следи од почеток до крај со запис за секој гол, картон и друг клучен настан во текот на натпреварот. Врз основа на овие податоци системот автоматски ги генерира табелите за лигата, рангирање според фер плеј и листи на најдобри стрелци, користејќи оптимизирани SQL прашања. На тој начин самите податоци се претвораат во информации што помагаат при носењето одлуки. Организаторите добиваат сигурен и прегледен систем а навивачите статистики што навистина вредат да се следат. === Детален опис * '''За кого е наменета базата на податоци и проектот?''' FLMS го создаваме за регионални фудбалски федерации и независни организатори на турнири. Платформата расте заедно со лигата односно ги води статистиките по сезони, чува историја на трансферите и обезбедува доследна примена на правилата. Бидејќи се нуди како услуга федерацијата не мора да се грижи за инфраструктурата, а добива еден веродостоен извор на податоци за точни извештаи до клубовите, медиумите и навивачите. * '''Кои проблеми во компанијата или организацијата ќе ги реши проектот?''' Многу лиги и денес се водат рачно со хартиени записи и неповрзани табели што доведува до судири во распоредот, доцнење на табелите и грешки во резултатите. FLMS е создаден токму за тоа. Бодовите, меѓусебните резултати и гол разликата се пресметуваат автоматски, а базата на податоци ги чува податоците како суспендиран играч или играч со премногу жолти картони со што тој не може да биде пријавен за натпревар. Конечниот записник го потврдува само автентициран делегат, па податоците во системот остануваат веродостојни. * '''Кои типови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот?''' FLMS има две групи корисници: 1) Јавни корисници (навивачи и новинари) Тие го користат системот за да ги разгледаат профилите на тимовите, да ги проверат претстојните натпревари, да ги следат табелите во живо и да ја видат статистиката на играчите. Пристапот им е само за преглед. 2) Администратори на натпреварите Ова се внатрешните корисници, службени лица на лигата. Тие ги внесуваат настаните за време на натпреварите, регистрираат нови играчи, ги водат трансферите низ сезоните и го потврдуваат конечниот резултат на секој натпревар. * '''По што се разликува предлог решението од постојните решенија?''' Постојните решенија како FIFA Connect се често премногу сложени и скапи за една локална или регионална лига а малите лиги најчесто користат рачно ажурирани страници без анализа во реално време. FLMS е современо и лесно веб решение изградено врз добро оптимизирана база на податоци. Системот автоматски ги пресметува статистиките што на хартија лесно се губат како времето на головите, строгоста на судиите и кариерата на играчите низ сезоните без сложеноста и преголеми трошоци. * '''Дали станува збор за веб, мобилна или десктоп апликација?''' FLMS е замислен како веб апликација достапна преку пребарувач без потреба од инсталирање.