| 3 | 3 | FLMS е веб систем за водење и следење на фудбалски лиги. Податоците за тимовите, играчите, тренерите, стадионите, судиите, натпреварите и сезоните се чуваат на едно место, од каде лесно може да се ажурираат, пребаруваат и анализираат. Системот е изграден врз релациона база на податоци со детални информации за секој од овие ентитети. Во неа се бележи и за кој тим играл секој играч во одредена сезона, кои тренери го воделе секој клуб и какви биле резултатите од одиграните натпревари. Се евидентираат и настаните во текот на натпреварот како голови, жолти и црвени картони и замени, со минутата кога се случиле и играчите што учествувале во нив. |