== Краток Опис FLMS е веб систем за водење и следење на фудбалски лиги. Податоците за тимовите, играчите, тренерите, стадионите, судиите, натпреварите и сезоните се чуваат на едно место, од каде лесно може да се ажурираат, пребаруваат и анализираат. Системот е изграден врз релациона база на податоци со детални информации за секој од овие ентитети. Во неа се бележи и за кој тим играл секој играч во одредена сезона, кои тренери го воделе секој клуб и какви биле резултатите од одиграните натпревари. Се евидентираат и настаните во текот на натпреварот како голови, жолти и црвени картони и замени, со минутата кога се случиле и играчите што учествувале во нив. Важен дел од самиот FLMS е анализата на податоците со SQL. Со агрегатни функции, филтрирање, групирање и посложени прашања се добиваат листи на најдобри стрелци, статистики за играчите и тимовите и прегледи на постигнатите голови и добиените картони. Табелата со пласман се пресметува и прикажува автоматски врз основа на резултатите од натпреварите. Системот нуди јасен и прегледен начин за следење на фудбалските натпреварувања, а крајната цел е да се поедностави работата со податоците за лигите и релевантните информации со цел самите статистики да бидат полесно достапни. == Поважни информации '''**Членови:**''' * Димитриј Котевски (231270) - Координатор * Љубомир Николов (213164) * Кирил Гурев (191114) '''**Предмет:**''' Бази на податоци Зимски-2026/2027 Ментор: проф. д-р Вангел В. Ајановски