= Finki Forums == Членови на тимот Лина Накова 201050 - коордиратор\\ Ангел Насев 201051 == Краток опис Проектот Finki Forums се развива со цел да биде централизирано место каде студентите ќе може да поставуваат прашања, споделуваат мислења и сугестии во врска со факултетот, а професорите и студентите ќе имаат можност да им помагаат на колегите. Прашањата може да бидат поврзани со било кој аспект од факултетот, без разлика дали тоа се прашања околу предмети, полагања, проекти… Корисникот администратор ги додава категориите, предметите и нивните курсеви во база. Секој предмет има повеќе курсеви. За секој курс посебно ќе има форум со прашања како и дел за поставени материјали. Најавен корисник, студент, може да поставува прашања, да дава одговори и да има пристап до материјали. Корисник, професор, има можност да одговара на прашањата на студентите, како и да споделува материјали со нив. Студентите и професорите можат да гласаат на одговорите, а оној кој го поставил прашањето може да валидира некој одговор доколку се покажал валиден. Корисникот доделува категории со цел полесно да се лоцираат и филтрираат прашањата и материјалите од конкретна област од одреден предмет. Со помош на оваа апликација сите студенти, особено бруцошите, побрзо ќе можат да добијат одговор, да ги разрешат дилемите и да се справат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат на факултет. == Детален опис Станува збор за **веб апликација** наменета за студентите и професорите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) со помош на која ќе можат побрзо да добиваат одговори на прашањата во врска со факултетот. За време на студиите сите студенти имаат огромен број на неодговорени прашања и неразрешени дилеми, па Finki Forums се развива со цел да биде централизирано место каде студентите ќе може да поставуваат прашања, споделуваат мислења и сугестии во врска со факултетот. Причината поради која оваа апликација се **разликува** од останатите форуми е тоа што е наменета **конкретно** за студентите и професорите на ФИНКИ и со тоа директно се добиваат попрецизни одговори од луѓе кои имаат повеќе информации и искуство. **Корисниците** на оваа апликација се студентите и професорите кои ќе имаат можност да помагаат на колегите на кои им е потребна помош преку одговори. Сите корисници се карактеризираат со име, презиме, корисничко име, лозинка и е-пошта. Корисник студент дополнително се карактеризира и со неговиот индекс, а професор со термини за консултации. Прашањата може да бидат поврзани со било кој аспект од факултетот, без разлика дали тоа се прашања околу предмети, полагања, проекти, материјали, проблеми со кодови, локација на простории во кои ќе се изведува наставата, консултации, пракса… За секое прашање се чува наслов, содржина на прашањето како и датум на кој е поставено, а за секој одговор содржина, датум и дали е валиден. Корисникот администратор е оној кој е одговорен за додавање на категориите, предметите и нивните курсеви во база. Секој предмет се карактеризира со име и може да се состои од повеќе курсеви. За секој курс се чува име, опис и посебно ќе има форум со прашања како и дел за поставени материјали. Најавен корисник, студент, може да поставува прашања, да дава одговори и да има пристап до материјали. Корисник ,професор, има можност да одговара на прашањата на студентите, како и да споделува материјали со нив. Студентите и професорите можат да гласаат на одговорите, а оној кој го поставил прашањето може да валидира некој одговор доколку го се покажал валиден. Со цел полесно да се лоцираат, пребаруваат и филтрираат прашањата и материјалите од конкретна област, студентите/професорите при поставување на прашање/материјал додаваат ознаки за категории кои смета дека најдобро го опишуваат прашањето. Една категорија се состои од име и опис. Со помош на оваа апликација сите студенти, особено оние од прва година, побрзо ќе можат да добијат одговор, да ги **разрешат** дилемите и да се **справат со проблемите и предизвиците** со кои се соочуваат на факултет. Дополнително, апликацијата ќе им **допринесе** и на професорите, асистентите и студентската служба со тоа што нема да бидат преплавени со огромен број прашања во своите електронски пошти бидејќи некој од студентите со поголемо искуство ќе може да им помогне и да ги упати оние со помало. Апликацијата, воедно и базата ќе бидат во сопственост на самиот факултет и ќе ги користи ресурсите кои факултетот ги има на располагање.