= FitnessTrackingApp == Членови на тимот ||= Име и презиме =||= Индекс =|| || Марко Ѓорѓиевски - координатор || 201136 || == Краток опис: Базата ќе содржи 9 ентитети: User, WorkoutProgram, Day, Workout, Exercise, PersonalizedExercise, Meal, Ingredient, PersonalizedIngredient. Со помош на оваа база ќе може да се изработи веб базирана апликација на која корисниците можат да внесат лични информации, да водат евиденција за нивните тренинзи и исхрана. Исто така оваа апликација ќе овозможи чување на програми за вежбање. == Детален опис на проектот: Секој корисник (User) ќе може да води евиденција за исхраната и тренинзите. Тоа ќе може да го прави преку ентитетот ден (Day). Во еден ден (Day) ќе може да се внесат податоци за повеќе тренинзи (Workout) и за повеќе оброци (Meal), во зависност од тоа колку оброци конзумирал корисникот и колку тренинзи имал во тој ден. Секој Workout може да содржи една или повеќе персонализирани вежби (PersonalizedExercise) и секој оброк (Meal) може да содржи еден или повеќе персонализирани состојки (PersonalizedIngredient). Секој корисник (User) ќе има можност да направи своја/и програма/и за вежбање (WorkoutProgoram) во која може да запише различни тренинзи (Workout) кои може да ги следи подоцна. За корисниците (User) ќе се чуваат информации за идентификациски број, име, воозраст, тежина и висина. За трнингот (Workout) ќе се чуваат информации за идентификациски број и времетрање. За вежбите(Exercise) ќе се чуваат информации за идентификациски број, име и тип. За персонализираните вежби(PersonalizedExercise) ќе се чуваат информации за идентификациски број, повторувања, број на сетови, време, тежина. За оброкот (Meal) ќе се чуваат информации за идентификациски број, тип (доручек, ручек, вечера), и име. За состојка (Ingredient) ќе се чуваат информации за идентификациски број, калории, протеини, јаглехидрати и масти. За персонализирана состојка (PersonalizedIngredient) ќе се чуваат информации за идентификациски број и количина. За денот (Day) ќе се чуваат информации за идентификациски број, и датум. За програмата за вежбање (WorkoutProgram) ќе се чуваат информации за идентификациски број, и името. Ова претставува мала веб апликација и затоа би била поседувана од поединец кој што би можел сам да ја одржува. Корисниците кои би ја користеле оваа апликација би биле клиенти кои се заинтересирани за полесно следење на својот фитнес живот. До сега сум се сретнал со апликации кои помагаат за следенње на исхраната и следење на тренинзите, но како две посебни апликации. Оваа апликација го олеснува цел тој процес со што се е на едно место. Исто така оваа апликација овозможува и чување на програми за вежбање, односно целиот фитнес живот на едно место.