= Упатство за стартување и користење на апликацијата Крајната имплементација претставува **Sprig Boot** апликација. Кодот може да се преземе од репозиториумот во делот **Browse Source** кој се наоѓа погоре на оваа страна. За истиот да се стартува, потребно е да имате **IDE** по желба (ние користевме **Intellij**). По симнување на кодот, отворете го проектот во вашето IDE и почекајте целосно да се вчита. Потоа стартувајте ја апликацијата на **Run** (не Debug). Апликацијата се стартува на **localhost** порта **9090**. Почетната страна се наоѓа на **localhost:9090/home** и **localhost:9090**. Понатаму, сѐ е интуитивно за користење, а ако сакате да видите кое копче за што служи, погледнете ја презентацијата каде има детален опис за секое сценарио.