= About: GoMelb **Членови:** • Петар Илиев 231151 • Лука Фуна 231202 • Томислав Филевски 231104 == Oпис на проектот Замислата за GoMelb e да направиме систем за управување со јавниот транспорт во Мелбурн, Австралија. Неговата намена е да помогне во организирање и следење на работата на превозот, како што се линиите, постојките, возењата и распоредот на автобусите, трамваи и возови. Во системот се чуваат податоци за возилата што се користат, како и за возачите и кондуктерите и нивните работни распореди. Покрај тоа, системот овозможува управување со патници, различни типови на билети, нивно купување и плаќање, при што се земаат предвид зоните на превоз, цените и можните попусти или претплатнички карти. Исто така, може да се следи движењето и состојбата на возилата, да се евидентираат доцнења, бројот на патници и потрошувачката на гориво. Дополнително, предвидена е можност за испраќање известувања до патниците и поднесување жалби, со што се подобрува комуникацијата и управувањето со услугата. Главната цел на системот е подобра организација и поефикасно функционирање на јавниот превоз во градот. == Детален опис на проектот GoMelb е интегриран систем за управување со јавниот транспорт кој опфаќа целосна евиденција и контрола на сите процеси поврзани со превозот во еден град. Системот овозможува управување со транспортни агенции, линии, постојки, рути и нивната геометрија (shape), како и детално следење на возењата (trip) и времињата на пристигнување по постојки. Во базата се чуваат податоци за возила и нивни типови, вработени (возачи, кондуктери и административен кадар), нивни смени и распоред на возења. Дополнително, системот поддржува логирање на движењето на возилата (GPS), доцнења, капацитет (број на патници) и потрошувачка на гориво, што овозможува анализа и оптимизација на транспортот. Од аспект на корисници, системот овозможува регистрација на патници, купување билети, дефинирање тарифни правила по зони и типови билети, како и примена на попусти и претплатнички карти. Исто така, постои модул за плаќања, известувања и жалби, со што се подобрува комуникацијата меѓу корисниците и транспортната компанија. == Одговори на прашања • За кого е наменет проектот? - Проектот е наменет за транспортна компанија или јавна институција која ќе го поседува системот и ќе го нуди како услуга. Нивните потреби вклучуваат централизирано управување со возила, линии, персонал и патници, како и подобра контрола и анализа на транспортните процеси. • Кои проблеми ги решава? - Недостаток на централизирана база за сите транспортни податоци. - Слабо следење на возила и доцнења во реално време. - Неефикасно управување со распоред на вработени и возења. - Неконзистентен систем за билети, попусти и тарифи. - Недоволна анализа на податоци (капацитет, гориво, метеж). - Слаба комуникација со патниците (известувања и жалби). • Типови на корисници - Администратори – управуваат со целиот систем (агенции, линии, тарифи). - Оператори/менаџери – следат возења, доцнења и логови. - Возачи и кондуктери – имаат пристап до свои распореди. - Службеници за попусти – доделуваат и контролираат попусти. - Патници – купуваат билети, користат претплати, добиваат известувања и поднесуваат жалби. • Разлика од постоечки решенија - Детална релациска структура (логови за GPS, гориво, капацитет). - Интеграција на сите аспекти: возила, персонал, патници, билети и аналитика. - Поддршка за тарифи по зони и динамички попусти. - Напредно следење на возења и состојба на транспортот. - Модул за комуникација (известувања и жалби).