| Version 1 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
About: GoMelb
Членови:
- Петар Илиев 231151
- Лука Фуна 231202
- Томислав Филевски 231104
Oпис на проектот
Замислата за GoMelb e да направиме систем за управување со јавниот транспорт во Мелбурн, Австралија. Неговата намена е да помогне во организирање и следење на работата на превозот, како што се линиите, постојките, возењата и распоредот на автобусите, трамваи и возови. Во системот се чуваат податоци за возилата што се користат, како и за возачите и кондуктерите и нивните работни распореди. Покрај тоа, системот овозможува управување со патници, различни типови на билети, нивно купување и плаќање, при што се земаат предвид зоните на превоз, цените и можните попусти или претплатнички карти. Исто така, може да се следи движењето и состојбата на возилата, да се евидентираат доцнења, бројот на патници и потрошувачката на гориво. Дополнително, предвидена е можност за испраќање известувања до патниците и поднесување жалби, со што се подобрува комуникацијата и управувањето со услугата. Главната цел на системот е подобра организација и поефикасно функционирање на јавниот превоз во градот.
Детален опис на проектот
GoMelb е интегриран систем за управување со јавниот транспорт кој опфаќа целосна евиденција и контрола на сите процеси поврзани со превозот во еден град. Системот овозможува управување со транспортни агенции, линии, постојки, рути и нивната геометрија (shape), како и детално следење на возењата (trip) и времињата на пристигнување по постојки.
Во базата се чуваат податоци за возила и нивни типови, вработени (возачи, кондуктери и административен кадар), нивни смени и распоред на возења. Дополнително, системот поддржува логирање на движењето на возилата (GPS), доцнења, капацитет (број на патници) и потрошувачка на гориво, што овозможува анализа и оптимизација на транспортот.
Од аспект на корисници, системот овозможува регистрација на патници, купување билети, дефинирање тарифни правила по зони и типови билети, како и примена на попусти и претплатнички карти. Исто така, постои модул за плаќања, известувања и жалби, со што се подобрува комуникацијата меѓу корисниците и транспортната компанија.
Одговори на прашања
- За кого е наменет проектот?
- Проектот е наменет за транспортна компанија или јавна институција која ќе го поседува системот и ќе го нуди како услуга. Нивните потреби вклучуваат централизирано управување со возила, линии, персонал и патници, како и подобра контрола и анализа на транспортните процеси.
- Кои проблеми ги решава?
- Недостаток на централизирана база за сите транспортни податоци.
- Слабо следење на возила и доцнења во реално време.
- Неефикасно управување со распоред на вработени и возења.
- Неконзистентен систем за билети, попусти и тарифи.
- Недоволна анализа на податоци (капацитет, гориво, метеж).
- Слаба комуникација со патниците (известувања и жалби).
- Типови на корисници
- Администратори – управуваат со целиот систем (агенции, линии, тарифи).
- Оператори/менаџери – следат возења, доцнења и логови.
- Возачи и кондуктери – имаат пристап до свои распореди.
- Службеници за попусти – доделуваат и контролираат попусти.
- Патници – купуваат билети, користат претплати, добиваат известувања и поднесуваат жалби.
- Разлика од постоечки решенија
- Детална релациска структура (логови за GPS, гориво, капацитет).
- Интеграција на сите аспекти: возила, персонал, патници, билети и аналитика.
- Поддршка за тарифи по зони и динамички попусти.
- Напредно следење на возења и состојба на транспортот.
- Модул за комуникација (известувања и жалби).
