| | 4 | По консултациите со асистентот, заедно размисливме и ни беше предложено дека најдобра напредна тема за проект од ваков тип е datacube аналитика, бидејќи системот за јавен транспорт природно генерира огромни количини на податоци кои бараат повеќедимензионална анализа. Уште од самиот почеток, системот беше замислен не само да ги чува податоците за возења, постојки и патници, туку и активно да детектира проблеми во мрежата како на пример: кои линии се преполни, кои постојано доцнат, и каде треба да се воведе нова линија или почест автобус. Аналитиката е организирана по линија, постојка, месец, час во денот и тип на ден (работен/викенд). |
| | 5 | Поради ова, datacube пристапот се покажа како најсоодветна напредна тема, бидејќи со негова помош секоја линија, постојка и временски период автоматски добива статус и препорака директно во базата, без потреба од надворешна обработка. Наместо класични извештаи кои само прикажуваат историски податоци, системот е изграден околу принципот на активна детекција односно секој материјализиран поглед не само што групира податоци туку и носи конкретен заклучок директно во базата. |