wiki:Дефинирање на проектот

Version 2 (modified by 183284, 12 days ago) ( diff )

--

GymKit

Членови на тимот

  • Бранислав Марковиќ 183284

Краток опис на проектот

GymKit е веб платформа за менаџирање на фитнес центар Платформата овозможува управување со членовите, вработените, услугите и термините во фитнес центарот. Членовите може да се регистрираат, да резерваат термини, да плаќаат пакети и да следат историја на посети. За вработените се чуваат податоци за улога и плата Системот е дизајниран за подобрување на организацијата и ефикасноста.

Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Проектот е наменет за фирми кои управуваат со фитнес центри,без разлика дали тоа се мали бизниси или поголеми франшизи со повеќе локации. Овие фирми ќе бидат одговорни за поседување на базата на податоци и апликацијата. Тие ќе ја користат за да ги автоматизираат административните процеси, да го следат работењето.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Недостаток на автоматизација: Замена на рачното управување со членствата, плаќањата и посетите со дигитален систем. Тешкотии во следење на активностите: Поедноставено следење на присуството и ангажманот на членовите. Неоптимално управување со ресурси: Распределба на вработени по локации според потребите. Лошо организирање на плаќања: Обезбедување лесна и сигурна опција за онлајн плаќања. Недостаток на аналитика: Прибирање и анализа на податоци за подобрување на услугите и маркетингот. Преголем административен товар: Елиминирање на хартиената документација и поедноставување на секојдневните операции.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе има два основни типа корисници: Вработени: Администратори: Управуваат со целиот систем, вклучувајќи доделување на улоги, ажурирање на податоци за пакети и членства, и следење на активности. Тренери: Ги следат и ажурираат податоците за своите клиенти, нивните програми и резултати. Клиенти: Членови: Го користат системот за да го следат своето членство, да резервираат термини,да се претплаќаат на пакети и да го прегледуваат својот прогрес односно своите минати резервации и претплатени пакети.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Разликите кај мојот проект вклучуваат: Флексибилност за повеќе локации: Поддршка за централизирано управување со повеќе фитнес центри. Интеграција на аналитика: Можност за детален преглед на податоците, што помага во донесување на стратешки одлуки. Локализиран пристап: Системот ќе биде оптимизиран за потребите на локалниот пазар, со поддршка за македонски јазик и локални валути. Персонализација: Можност за прилагодување на пакети, услуги и интерфејс според потребите на конкретниот фитнес центар. Онлајн плаќања и резервации: Едноставен и сигурен процес за дигитални трансакции, што не е секогаш достапно во постојните решенија.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Проектот ќе се развива како:

Веб апликација: Наменета за вработени и клиенти Мобилна апликација: Наменета за клиентите

Note: See TracWiki for help on using the wiki.