= About: Cultural Heritage Preservation System = == Членови на тимот == || '''Име и Презиме''' || '''Индекс''' || '''Улога''' || || Паула Коцева || 231130 || Координатор || || Елеонора Маркоска || 231256 || Член на тимот || || Ивана Павлова || 231511 || Член на тимот || == Краток опис на проектот == Cultural Heritage Preservation System претставува база на податоци за управување со културни и археолошки објекти и локалитети. Системот овозможува евиденција на археолошки локалитети, следење на состојбата на културни предмети, управување со конзервациски проекти и третмани, евиденција на изложби и научни публикации, фотографска документација на артефакти и следење на фрагменти. Целта е централизирано и структурирано чување на податоци за потребите на музеи, истражувачи и институции кои работат со културно наследство. == Детален опис на проектот == '''Кој ќе биде сопственик на базата на податоци и апликацијата и кои се неговите основни потреби?''' Базата на податоци е наменета за музеи, археолошки институти, универзитети и државни институции задолжени за заштита на културното наследство. Овие организации ќе бидат одговорни за поседување и одржување на системот. Нивната потреба е централизирана евиденција на артефакти, локалитети, конзервациски процеси и истражувачки пристап. '''Кои конкретни проблеми во организацијата ги адресира овој систем?''' Системот ќе ги реши следните проблеми: * Неорганизирана евиденција на артефакти и локалитети * Недостаток на следење на состојбата и историјата на предметите низ времето * Тешкотии при координација на конзервациски проекти и третмани * Неповрзаност меѓу публикации, изложби и артефакти * Недоволна контрола на истражувачкиот пристап до предметите '''Кои категории на корисници ќе го користат системот и каква улога имаат?''' Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници: * '''Администратор''' - има целосна контрола врз системот, управува со корисници, локалитети, институции и статуси. * '''Истражувач''' - има пристап до предмети, публикации и конзервациски проекти со одобрен пристап преку Researcher_Access. * '''Конзерватор''' - управува со третмани, чекори на реставрација и проценки на состојба на предметите. * '''Гостин''' - може да прегледува јавно достапни информации за изложби и локалитети. '''Во што се состои разликата на овој систем во споредба со постојните решенија?''' Постојат слични системи за управување со музејски збирки, но нашиот систем се разликува по тоа што интегрира евиденција на археолошки локалитети, фрагменти, конзервациски проекти, истражувачки пристап и публикации во една единствена база. Дополнително, системот поддржува self-referencing фрагменти, историја на локации на предмети и детални чекори на третман. '''За каков тип на апликација се работи?''' Се работи за веб апликација наменета за внатрешна употреба од страна на институциите и истражувачите.