| Version 5 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
About: Cultural Heritage Preservation System
Членови на тимот
| Име и Презиме | Индекс | Улога |
| Паула Коцева | 231130 | Координатор |
| Елеонора Маркоска | 231256 | Член на тимот |
| Ивана Павлова | 231511 | Член на тимот |
Краток опис на проектот
Проектот претставува специјализирана платформа за дигитална евиденција и управување со културно-археолошко наследство. Системот е наменет за поддршка на институциите при каталогизација на артефакти, следење на нивната физичка состоба и менаџирање на процесите на конзервација и реставрација. Базата на податоци содржи детални информации за археолошки локалитети, предмети (артефакти), материјали, културни периоди, како и податоци за конзерваторски проекти, истражувачки пристап, изложби и научни публикации.
Системот овозможува прецизно следење на секој предмет од моментот на пронаоѓање, преку лабораториска обработка, па сè до негово изложување или споменување во научни трудови. Посебно внимание е посветено на хиерархиската структура на фрагменти и историјата на движење на предметите помеѓу различни институции, со цел да се обезбеди целосен дигитален континуитет на историскиот контекст.
Детален опис на проектот
Проектот претставува интегрирана платформа за управување со културни добра која им овозможува на музеите и археолошките институти лесно да ги евидентираат и анализираат своите збирки. Базата на податоци ги поврзува сите аспекти на заштитата: од прецизни географски координати на локалитетите (Sites), преку детална класификација на предметите според култура и категорија (Object_Classification), па сè до евиденција на применети хемиски и физички третмани при реставрација (Treatments).
Базата и апликацијата се наменети да бидат во сопственост на јавни институции (музеи, заводи за заштита, министерства) или универзитетски истражувачки центри. Нивните потреби вклучуваат сигурно чување на податоците, спречување на неавторизиран пристап до чувствителни информации за локации на наоѓалишта и автоматизација на извештаите за состојбата на предметите.
Со ова решение се решаваат клучни проблеми во секторот за културно наследство:
- Разединета документација: Наместо децениски хартиени картони, сите податоци се во централизирана релациона база.
- Губење на контекстот на фрагментите: Со поддршка за self-referencing релации, се овозможува точно мапирање на тоа кој фрагмент на кој поголем објект му припаѓа.
- Недостаток на историја на третмани: Системот овозможува увид во секој извршен чекор на конзервација (Treatment_Step_Log), што е од клучно значење за идни реставраторски зафати.
- Контрола на истражувачки пристап: Преку Researcher_Access точно се дефинира кој надворешен истражувач има дозвола да работи со одреден артефакт или проект.
Пристап до системот ќе имаат неколку типови корисници:
- Администратори: Управуваат со глобалните шифрарници (региони, материјали, институции).
- Конзерватори: Внесуваат оценки за состојбата и спроведуваат реставраторски проекти.
- Истражувачи/Археолози: Внесуваат наоди од терен и ги поврзуваат со научни публикации.
- Гости: Имаат ограничен преглед на информации за изложби и јавно достапни артефакти.
Иако постојат општи софтвери за инвентар, овој систем се разликува по деталното моделирање на специфични археолошки потреби: поддршка за повеќе автори на публикации, следење на фотографска документација низ времето и историја на локации на движење на предметите. Проектот ги применува напредните концепти на бази на податоци преку комплексни ограничувања (constraints) за географска точност и конзистентност на податоците при мулти-институционално работење.
Апликацијата е планирана како веб апликација, со што се овозможува лесен пристап за археолозите директно од терен преку преносни уреди, како и за конзерваторите во нивните лаборатории, обезбедувајќи централизиран проток на информации без потреба од локална инсталација.
